Во големата сала на скопскиот кривичен суд денеска требаше да биде распитан заштитениот сведок за случајот наречен „Монструм". Станува збор за лице чиј што идентитет е непознат, но кое веројатно поседува конктретни информации кои се однесуваат на обвинетите за масакрот кај Смилковското Езеро кога на 12. април минатата година беа убиени четворица тинејџери и еден жител на скопското село Црешево.
Ова е втор сведок, предложен од Јавното обвинителство, кој се стекна со правото да има статус заштитен сведок. Во првиот случај, предложениот сведок даде нова изјава со која во целост ги минираше напорите на судот и на Обвинителствто, но тој набргу потоа од сведок стана обвинето лице. (Љ.С.)