Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-12-28, 6:20 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Кинезите стигнаа во Свети Николе, изградба на градежен камп за автопатот Штип-Миладиновци

    Кинезите стигнаа во Свети Николе, изградба на градежен камп за автопатот Штип-Миладиновци

    Претставници на кинеската компанија „Синохидро Корпорејшн Лимитед" која ќе ги гради автопатите Штип – Миладиновце и Охрид – Кичево, пристигнаа во Свети Николе. Тие од локалните власти побараа да им биде обезбедена површина од 30.000 метри квадратни за изградба на главниот камп каде ќе бидат сместени околу 60 инженери и целокупната логистика од македонските градежни фирми.


    Земјиштето е лоцирано кај хотелот Овче поле, а ќе биде опремено со целокупната инфраструктура за нормално работење и живеење на кинеските градежници. 

    - Свети Николе е на добра локација, па затоа одбравме кампот да биде овде, рече  Ли Ка, претставник на кинеската компанија  „Синохидро Корпорејшн Лимитед".

    Стартот на градежните активности е планиран за крајот на февруари идната година, а целата инвестиција за оваа делница е 206 милиони евра. 
    Градоначалникот на Општина Свети Николе, Зоран Тасев вели дека кинеските претставници веќе неколкупати биле во посета на Свети Николе, а во текот на наредните два месеца, Општината ќе ги обезбеди и сите потребни документи за локацијата каде што ќе биде градежниот камп за изградба на автопатот Штип-Миладиновци. 

    -    Не само што ќе има бенифит градот од изградбата на автопатот, ќе има корист и од нивното присуство овде, вели Тасев. 

    Кинеската компанијата „Синохидро Корпорејшен Лимитед" ќе ги гради автопатските делници Миладиновци - Штип и Кичево - Охрид. Двата автопата  ќе се градат со кредит од кинеската „Ексим банка" во износ од 580 милиони евра.

       (Нова Македонија)
        19 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 248 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024