Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-12-28, 6:08 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ПОДОБРО ДА СЕ ЧЕКА НА ВЛЕЗ ОТКОЛКУ НА ИЗЛЕЗ (1дел)

    ПОДОБРО ДА СЕ ЧЕКА НА ВЛЕЗ ОТКОЛКУ НА ИЗЛЕЗ

    Да направиме куса ретроспектива: Во декември 2005 година, Македонија доби статус на кандидат за членство во ЕУ. Во април 2001 година, Македонија беше прва од балканските држави што го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација. Во април 2004 година, тој договор стапи во сила по ратификацијата од индивидуалните влади што ја сочинуваа ЕУ (вклучувајќи ја и Грција) во тоа време. Денес, речиси 10 години подоцна, Македонија е повторно ставена во позиција (петти пат) да ~ биде одземена можноста да ги почне преговорите за членство во ЕУ бидејќи Грција, а сега и Бугарија одбиваат да дозволат Македонија да почне со преговори.

    На самитот неделава ЕУ повторно не ќе биде во можност да ~ дозволи на Македонија да продолжи по својот пат кон членство во ЕУ, нешто што Унијата тврди дека го сака за Македонија. Но, Македонија овој пат ќе има друштво. Ни Албанија не ќе може да го продолжи приближувањето кон ЕУ неделава, барем не овој пат, бидејќи холандскиот парламент ~ наложи на својата влада да стави ефективно „вето" на кандидатскиот статус за Албанија.

    Зошто Холанѓаните (а некои велат дека и Британците се чувствуваат така) одлучија да го спречат напредокот на Албанија кон членство во ЕУ? Kорупција во владата? Премногу муслимани во Албанија? Загриженост поради Kосово? Можеби поради сите овие причини. Можеби поради сосем други причини. Времето ќе покаже. Но, од друга страна, добро знаеме зошто е Македонија блокирана. Од аспект на Грција, станува збор за т.н. спор со името и за т.н. добрососедски односи. Од аспект на Бугарија, станува збор за т.н. добрососедски односи и за увереноста на Бугарија дека Македонија се обидува да ја узурпира бугарската историја, па оттаму и бугарското инсистирање Македонија да потпише „спогодба за пријателство".

    Неколку работи тука се погрешни. Прво, ако инсистираш соседот да потпише „спогодба за пријателство" за да му дозволиш да напредува, дали е тоа навистина дефиниција за вистинско пријателство? Мене ми личи на уцена. Второ, зошто во ваква меѓувладина спогодба би се нашле прашања во однос на историјата? Зарем не е подобро историјата да им се остави на историчарите? Ако се шеткаме низ Европа посочувајќи со прст кон нашите соседи бидејќи една земја вели дека друга земја ~ ја узурпира историјата, приказната ќе нема крај. И ако споровите од типот „кој која историја" поседува припаѓаат во една „спогодба за пријателство", тогаш зошто не се во неа и споровите од типот кој која земја ја поседува", како што бугарската партија Атака неодамна нагласи барајќи назад определени македонски територии? Одговорот е, се разбира, дека таквите нешта не припаѓаат во т.н спогодба за пријателство и дека таква спогодба воопшто и не е потребна. Нашите бугарски пријатели ја бараат таа спогодба едноставно затоа што им се може, а не затоа што им е потребна. Тие се во доминантна позиција (тие се во клубот, како што многу лидери на ЕУ љубат да ~ кажат на Македонија) а Македонија не е во клубот.

    Во однос на проблемот со Грција, неодамна чувме, слободно може да се каже бизарна, изјава од нивното министерство за надворешни работи во однос на проблемот на Македонија да влезе во НАТО, во која Грција во суштина го обвини НАТО дека не ~ дозволува членство на Македонија, повикувајќи се на нивното образложение кое вели: „Позициите на Грција во однос на политиката на отворени врати, особено во однос на предусловите за прием на ФИРОМ во НАТО, се апсолутно јасни и се поврзани повеќе со општите критериуми на НАТО, а не со грчко-македонските билатерални односи." Човек би помислил дека тие ќе го приложат истиот аргумент и во однос на ЕУ.


    Rating: 0.0/0
    Views: 219 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024