Словенечката влада е заинтересирана да кофинансира за реализација на проектите за изградба на прочистителната станица во село Трпејца, во авто кампот Градиште, и за реконструкција и адаптација на колекторскиот систем од Охрид до Пештани.
- Станува збор за проекти кои се однесуваат на делови од крајбрежјето кои засега не се приклучени кон примарната колекторска мрежа и немаат канализациони уреди и всушност се единствените места од охридска страна каде дел од отпадните води се испуштаат во езерото. Наша примарна цел е овие прашања што побрзо да се решат, изјави градоначалникот Никола Бакрачески по неговата посета на Љубљана каде оствари посета на словенечкото министерство за финансии.
Бакрачески информира дека за реализација на проектите за заштита на животната средина има интерес и од страна на кинеската амбасада.
(OhridNews)
19 декември 2013