Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-12-28, 6:29 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ШТО НАПИШАЛ РУСКИОТ СЛАВИСТ ВО 1928? Державин: Рацете подалеку од Македонија! (2дел)

    ШТО НАПИШАЛ РУСКИОТ СЛАВИСТ ВО 1928?

    Державин: Рацете подалеку од Македонија!

    Јас овде нема да зборувам за тоа дека во изминатите повеќе од сто години од времето на првото појавување на балканската буржоазија на историската арена нејзината физиономија денес, се разбира, значително е изменета: од трговска, таа се претвори во индустриска; веќе не се потребни готови стоки и повеќе се потребни суровини, а тоа значи и проширување на нејзините територии; пласман на нејзиното производство и освојување на нови пазари; зголемување на нејзиниот обртен капитал, што значи и сојуз со европските банкари... Но ако јазикот на економијата се преведе на попростиот, иако, можеби, не секогаш поразбирлив јазик на политиката, лесно ќе се увериме дека старата и во свое време прогресивна парола за „национално обединување” сега е прекрасно искористена од балканската буржоазија во сосема други, современи услови на стопанскиот и политичкиот живот на Балканскиот Полуостров и меѓународните односи, отколку што било тоа пред сто години, и е искористена токму за нејзините класни интереси, за зацврстување на својата економска база и својата политичка превласт.

    Националните копнежи на балканската буржоазија

    Еве зошто Македонија, која, во споредба со другите балкански народи, најмногу задоцни со своето ослободување од турскиот апсолутизам и која по неговото пропаѓање се најде опкружена со економски и практично посилни соседи во состојба на рес нуллиус, почнувајќи од 70-тите години беше под вкрстениот оган на борбата на балканската буржоазија за „национално обединување”.

    Балканската буржоазија е настојчива и упорна во својата борба за "националните копнежи”. Таа ги мобилизира сите средства и сили за да ги постигне своите цели и да ја слави својата победа, научно да го докаже и лингвистички, етнографски и историски да го оправда своето право на насилство. И услужната наука брза да истрча напред и да докаже дека Македонците се автентични Срби, или автентични Бугари, или дури автентични Грци, а ако не се ни тоа, ни другото, ни третото, во секој случај не се Македонци, туку општо – народ што не се сеќава за своето потекло, поради што тој не треба да има ни свој национален јазик, ни своја национална култура, а уште помалку своја сопствена државност. 

    Зошто им се на Македонците сите тие ситници кога тие прекрасно зборуваат бугарски, српски, грчки; кога тие можат да учат во кое и да е училиште – бугарско, српско, грчко, чувствувајќи се секаде во својот национален елемент; кога тие можат слободно да ги користат сите благодати на која било, веќе готова државност – бугарска, српска, грчка, ослободувајќи се со тоа од излишните грижи и од товарот да создадат своја сопствена национална државност, и сл.

    Но најлошо од сè е тоа што балканската буржоазија, силна со своите средства (пари, печат, наука, уметност, црква, администрација), владее врз умовите на своите потчинети работни маси, создава масовна психоза за „национални завети”, „национално обединување”. Развратувајќи ги тие маси, таа упорно им сугерира религиозна екстаза пред овој надуен фетиш и ги води во борба во име на неговата победа; таа беспоштедно го спречува секое спротивставување на своето насилство и секој отпор на своите освојувачки стремежи, кои таа ги нарекува „национални завети”, и масовно го уништува селското население на Македонија, кое не сака да се помири со нејзиното насилство.

    Оправдан презир кон Европа

    Еве во што е трагедијата на Македонија и на нејзиниот народ. Еве во што е суштината на најголемата од сите современи народни несреќи што ги преживува од година во година и од ден на ден во текот на повеќе од половина век македонскиот народ! Еве во што е суштината на „македонскиот јазол”, кој мора неодложно и по секоја цена да биде решен, ако не во име на елементарната човечност и право, тогаш во името на животните интереси за регулирање на сложените меѓународни меѓусебни односи на Полуостровот, кои го стопираат напредокот на неговиот стопански развиток и кои го оставаат да го растргнат европските банкари и шпекуланти.

    За жал, сличните прашања во наше време не се решаваат ни со „меѓународни” договори, ни со циркулари, ни со чија било добра волја: тие се решаваат со поинакви, посериозни и поефикасни методи.

    Во секој случај, несомнено е едно: состојбата на работите во Македонија е неподнослива, одвратна, недопустлива. Таа го навредува нашето достоинство и кај трудбениците на Македонија предизвикува оправдан презир кон нас, луѓето на европската наука и просвета, кои се фалат со својата цивилизација и во исто време се немоќни да направат што било за да се запре систематското истребување пред наши очи на еден цел народ!

    Неопходно е енергично да му се стави крај на ова варварство, да му се помогне на македонскиот работен народ да се ослободи од своите насилници, тие да се удрат по рацете, - рацете подалеку од Македонија! - но да се удрат така што засекогаш да го заборават дури и патот што води кон Македонија; таа да се откине од грабливите канџи на експлоататорите; да се воспостави во нејзините законски и природни граници и права и да се внесе како рамноправен член во трудовото семејство на ослободените народи на Европа!...

    (Документите се наоѓаат во Државниот архив на Македонија)

       (МКД)

       20 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 203 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024