Исчезнаа бистите на македонските херои во Струга, поставени покрај кејот на реката Црн Дрим.
Овие фотографии се направени денеска, а на нив јасно се гледа дека некој ги отстранил бистите на Никола Кукунешоски Дунгерски и Крсте Јованоски и двајцата македонски херои од Втората светска војна.
Нивните постаменти денес се празни. За исчезнувањето на спомен обележјата не знаеа во струшкиот музеј "Незлобински”.
- Немам таква информација. Постојано се случуваат вакви ситуации, не знаеме во чија надлежност се спомен обележјата. Дали се на општината, дали наша или на Струшките вечери на поезијата тоа не е расчистено, вели за Охриднет Сашо Цветкоски директор на Музејот "Незлобински” од Струга.
Ова се фотографии како изгледаа бистите во минатото.
(Охриднет)
20 декември 2013