Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-11-23, 7:02 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ОДБЕЛЕЖАНИ ГОДИШНИНИТЕ ОД СМРТТА НА ДАМЕ ГРУЕВ И МИЛЕ ПОП ЈОРДАНОВ

    ОДБЕЛЕЖАНИ ГОДИШНИНИТЕ ОД СМРТТА НА ДАМЕ ГРУЕВ И МИЛЕ ПОП ЈОРДАНОВ

    Со повеќе пригодни манифестации денеска во Беровското село Русиново беше одбележана 107 годишнина од смртта на војводата Дамјан Груев.

    Во селската црква беше отслужена панихида за загинатите комити и војводи во борбата за слобода на Македонија.

    Пред споменикот на Даме Груев на сред село цвеќе положија делегација на Советот на општина Берово, градоначалникот Драги Наџински, претставници на здруженија на граѓани и невладини организации.

    На чествувањето во Русиново и на месноста Петлец присуствуваа претставници на Месната заедница од Смилево и од Здружението „Дамјан Груев„ од Битола.

    Во црквата „Св. Пантелејмон" во Велес денеска се одбележаа 112 години од смртта на македонскиот револуционер, велешанецот Миле Поп Јорданов.

    Панихидата ја организира ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, а ја изведоа свештеници од Епархијата Повардарска.

    За неговата револуционерна борба потсети Александар Колев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Велес.

    Миле Поп Јорданов е роден во 1877 во Велес. Во младите години тргнал по патот  на неговиот брат, гемиџијата Јордан Поп Јорданов, во борба  со турскиот поробувач за слобода на Македонија. И додека неговиот брат во Солун ги подготвувал атентетите, Миле водел  активна борба со турскиот аскер во родниот Велес. При изведување на една акција во 1901 година  бил откриен од турскиот аскер. Загинал во непријателска заседа во близина на Велес. Не сакајќи жив да падне во рацете на непријателот се самоубил.

    Колев истакна дека идентитетот и независноста на македонскиот народ нема цена и оти треба да се брани без никакви компромиси. Напомена дека делата на хероите не умираат.

    Во  чест на револуционерот, испеана е познатата народна песна „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов", која е официјална химна на општина Велес.


      (Дневник)

      21 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 305 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024