Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-11-23, 6:34 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Не стивнуваат крвавите несреќи

    Не стивнуваат крвавите несреќи

    Данокот на смртта го платија две момчиња и еден професионален возач, а бројката на загинати Македонци во сообраќајни незгоди годинава стигна до 150


    Непотребна кавга однесе два човечки животи во бизарната сообраќајка во Хрватска

    ЗГОЛЕМЕН БРОЈ СООБРАЌАЈКИ

    Две момчиња загинаа, а автомобил целосно изгоре во непосредна близина на скопски автосервис во дваесетина сообраќајни несреќи што вчера се случија на заледениот коловозен асфалт низ државава.
    Силните автомобили и опасната комбинација на младост и адреналин се најчеста причина за сообраќајните несреќи во првите девет месеци од годинава. Ова го говорат последните анализи на состојбата во сообраќајот во земјава, во кој само годинава загинаа 150 Македонци. Бројката на повредени веќе ја надмина цифрата од 5.000 луѓе.

    Дваесет и четиригодишниот Александар Н. од Неготино трагично го загуби својот млад живот вчераутро, во 4.20 часот, во стравотната сообраќајна несреќа што се случи во неговиот роден град, информира полицијата. 

    Според официјалните информации, тој бил совозач во автомобил „мерцедес", кој удрил во семафорот и канделабрите на крстосницата на неготинските улици Маршал Тито и Даме Груев. Возилото го управувал Ј.А., исто така од Неготино, кој најверојатно изгубил контрола и удрил прво во семафорот, а потоа возилото се одбило и завршило во столб на уличното осветлување. Тешко повредениот Александар веднаш по несреќата бил пренесен во кавадаречката болница. И покрај напорите на тамошните лекари, тој им подлегнал на повредите. 

    Пет часа пред неготинската трагедија, на локалниот пат меѓу овчеполските села Ерџелија и Мустафино се случила уште една сообраќајка со крвав епилог. Дваесетгодишното момче Антонио Ш. од Ерџелија вчера, околу полноќ, удрило со автомобилот што го управувало во дрво крај патот и починало на самото место. Според првичните сознанија на полицијата, станува збор за автомобил „БМВ", над кој возачот изгубил контрола, излетал од патот и директно удрил во дрво. Од силината на ударот Антонио им подлегнал на повредите на самото место. Телото на загинатиот е испратено на обдукција, а истрагата ги утврдува деталите за трагедијата.

    Според скопската полиција, вчера, околу осум часот, автомобил „рено" се запали на улицата Скупи и целосно изгоре. Станува збор за возило на скопјанецот З.Д., кој, за среќа, успеал да излезе од возилото неповреден. Во другите сообраќајки, за среќа, нема сериозно повредени.

    Секоја година во светот еден милион и триста илјади луѓе гинат во сообраќајни несреќи. Најмалку педесет милиони се повредни, еден милион имаат трајни осакатувања, а дури 260.000 деца ги губат своите животи на патиштата низ светот. 

    Во Македонија, пак, во последните девет месеци од годинава што изминува имаме зголемување на бројот на сообраќајки за 2,3 отсто. Се случиле 3.140 сообраќајки, во кои 4.831 Македонец биле повредени. Тоа е за четири отсто повеќе од истиот период лани, кога имало 4.569 настрадани. Лани во сите сообраќајни инциденти имало 132 жртви, а заклучно со септември цифрата на загинати се искачи на 139. 

    Во последните три години во земјава се случиле 12.714 сообраќајки, во кои имало 17.993 повредени и 444 мртви.


    Македонски возач загина во стравотна несреќа во Хрватска

    Педесет и седумгодишен струмичанец завчера го загуби животот во стравотна сообраќајна несреќа во Винковци, Хрватска. Како што пренесе порталот 24сата.хр, до несреќата дошло поради низа несреќни околности што се случиле претходно. 
    Во сообраќајната несреќа учествувале камион „мерцедес" со македонски регистарски ознаки, на кој имало приколка, и друг камион „волво", кои се судриле и си ги оштетиле ретровизорите. По ударот, Македонецот што го управувал „мерцедесот" веднаш излегол од својот камион и се упатил кон другиот камион со кој се судрил, но, за жал, не стигнал до него бидејќи на него налетал автомобил „опел астра", управуван од 37-годишен возач, кој го удрил струмичанецот и го усмртил на самото место. На местото на настанот починал и возачот на автомобилот. Како што пренесуваат хрватските медиуми, автомобилот бил смачкан до непрепознатливост, а несреќата ја преживеал само српскиот државјанин што го управувал камионот од марката „волво". 
    Полицијата истражува во какви околности настанала несреќата.


     
      
    Автор: Роберт Митевски

       (Нова Македонија)
       22 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 196 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024