Преку донаторската кампања под мотото "Да помогнеме навреме” која се спроведе под покровителство на сопругата на претседателот на Македонија, Маја Иванова беа собрани 50 илјади евра средства кои ќе користат за доопремување на Ургентниот центар и новите амбуланти.
Ургентниот центар е изграден со поддршка на Турската меѓународна агенција за соработка и развој. ТИКА за оваа намена од својот буџет одвои 200 илјади евра.
Во април оваа година, стартуваше акцијата "Да помогнеме навреме”, а градежните активности за реконструкција на Детскиот ургентен центар почнаа во септември.