Со законски измени лековите без рецепти подостапни за граѓаните
Министерот за здравство Никола Тодоров на денешната седница во Владата на Република Македонија рече дека со измените и дополнувањата во Законот за лекови и медицински помагала се предвидува продажба на лекови кои се издаваат без рецепти освен во аптеките да се продаваат и во супермаркети, бензински пумпи, продавници, со што ќе се овозможи намалување на цените на овие лекови поради зголемувањето на конкурентноста.
Тој истакна дека најбараните од овие лекови се аналгин, андол, ацисал и други секојдневни лекови.
- На овој начин овие лекови ќе бидат подостапни на граѓаните и ќе ги има во руралните места, рече Тодоров и додаде дека она што ќе треба да го направат сопствениците за да ги продаваат овие лекови е да се простираат на површина од 25 метри квадратни за супермаркетите, а над 50 метри квадратни за продавниците, како и да обележат посебен рафт за истите.
(24вести)
22 декември 2013