аглерод моноксид (CO)
-Гас без боја и мирис
-Издувни гасови од моторни возила, внатрешните извори вклучуваат печки кои согоруваат керозин или дрва.
-главоболки, намалена ментална будност, срцев удар, кардиоваскуларни заболувања, нарушување на феталниот развој, смрт
Сулфур диоксид (SO2)
-Безбоен гас кој се раствора во вода и испарува формирајки сулфурна киселина, и влегува во интеракција со други гасови и честички во воздухот.
-Термо-електрани на јаглен, рафинерии на нафта, производтсво на сулфурна киселина и топење на руди кои содржат сулфур.
-Иритација на очи,солзење, тежина во гради, губиток на здив, оштетување на белите дробови.
Азот диоксид (NO2)
-Црвеникаво кафеав, високо реактивен гас.
-Моторни возила, електрични објеки, и други индустриски, комерцијални или резиденцијални објекти каде се согоруваат течни горива.
-Приемчивост на респираторни инфкеции, иритација на белите дрибови и респираторни симптоми(на пр. кашлица, болка во гради, отежнато дишење).
Озон (O3)
-Гасовит загадувач кога се фромира во тропосферата.
-Издувни гасови од возилата и некои други чадења. Се формира од други полутанти во присуство на сончевата светлина.
-Иритација на очи и грло, кашлица, проблеми во респираторниот тракт, астма, оштетување на белите дробови.
Цврсти честички (PM)
-Многу мали честички на гар, прав или други материи, вклучувајки и тенки капки на течности
-Дизел машини, термоелектрани, индустрии, прав разнесуван од ветер, печки на дрва.
-Иритација на очи, астма, бронхитис, оштетување на белите дробови, канцер, труење со тешки метали, ефекти на кардиоваскуларниот систем
Приземен озон – е штетен озон и претставува главна состојка на фотохемискиот смог. За разлика од него озонот кој се наоѓа во стратосферата е корисен озон, и служи како апсорбер на дел од потенцијалното опасно УВ-зрачење од Сонцето. Озонот не се емитува во атмосферата, напротив тој се формира од испарливите органски компноненти и азотните оксиди.
Здравствени ефекти – Прекумерното ниво на приземен (штетен озон) во воздухот, може да има значајно влијание врз човечкото здравје. Тој може да предизвика проблеми со дишењето, астма, намалување на функционалноста на белите дробови и други болести на белите дробови.