Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-11-26, 10:03 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ЕВЕ КАКО УМИРАМЕ ЧЕКАЈЌИ ЧИСТ ВОЗДУХ – 4 МАКЕДОНЦИ ДНЕВНО УМИРААТ ОД ЗАГАДЕН ВОЗДУХ (4 дел)

    ЕВЕ КАКО УМИРАМЕ ЧЕКАЈЌИ ЧИСТ ВОЗДУХ – 4 МАКЕДОНЦИ ДНЕВНО УМИРААТ ОД ЗАГАДЕН ВОЗДУХ

    Јаглерод моноксид е безбоен, запалив гас без мирис. Тој е главен загадувач во урбаните средини, а се создава при нецелосно согорување на горивата. Антропогени извори се: моторните возила на бензин, дим од цигари, согорување на биомаси, додека пак природни извори на јаглерод моноксид се: согорување на биомаса.

    Здравствени ефекти - Јаглерод моноксид е високо токсичен за луѓето. При вдишување на јаглерод моноксид се намалува способноста на хемоглобинот во крвта да се сврзе со кислородот. Јаглерод моноксидот во атмосферата оксидира во CO2. Јаглеродот двооксидот е клучен стакленички гас. Основни извори се: согорувањето на фосилните горива, сечење на шумите и производство на цемент.

    Zagadjenje-vazduha-2-500x296Металите како загадувачи. Металите: олово, жива, кадмиум, хром, никел се наоѓаат како нечистотии во горивата. Антропогени извори на металите се емисии кои настануваат при минирање на метали и производствени капацитети, моторни возила и слични процеси. На пример, оловото е корисен метал, но присуството на олово и другите метали во воздухот се високо токсични.

    Партикуларни честички (PM10 и PM2.5) - се цврсти или течни честички суспендирани во воздухот, кои имаат многу мали димензии. Примери за партикуларни честички се: прашина, чад, дим, сулфати, нитрати, азбест, пестициди, био-аеросоли (полен, спори, бактерии, и др). Атропогени извори на партикуларни честички се различни процеси: горење на биомаси, индустриски процеси, земјоделски активности.

      Здравствени ефекти - Партикуларните честички имаат негативни влијанија врз здравјето и делуваат многу штетно на човековиот респираторен систем. Хроничната изложеност на овие честички придонесува за зголемување на ризикот од појава на кардиоваскуларни и респираторни болести.

       (MKDnews)

       22 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 194 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024