Густа магла и вечерва го покри главниот град на Македонија. Во метрополата сообраќајот по градските улици се одвива отежнато а на возачите им се препорачува зголемена внимателност. Најкритични се крајните точки на градот, односно на потегот од Ѓорче Петров до Влае на едната страна и кон населбата Лисиче на другата страна на градот.
Моменталната температура во главниот град се движи околу минус 4 степени