Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-11-23, 7:01 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ВЕРАТА ГО НАДВАСА ОБРАЗОВАНИЕТО ВО СТРУШKО ПРАВОСЛАВЕН УЧИТЕЛ ОД ОКТИСИ ОСТАНА САМО СО ТРОЈЦА УЧЕНИЦИ

    ВЕРАТА ГО НАДВАСА ОБРАЗОВАНИЕТО ВО СТРУШKО

    ПРАВОСЛАВЕН УЧИТЕЛ ОД ОКТИСИ ОСТАНА САМО СО ТРОЈЦА УЧЕНИЦИ

    Само тројца ученици останале во класот на учителот Ристе Станковски во ОУ „Единство" во струшкото село Октиси како резултат на бојкотот на населението со исламска вероисповед да им предава учителот со православна вероисповед. Родителите на учениците, кои до неодамна беа во неговиот клас, незадоволни што тој е член на селскиот црковен одбор, кој се залага за изградба на православен параклис, ги префрлија децата во другиот клас. Таму наставата на 12-те ученици им ја одржува учителката од исламска вероисповед, која е ангажирана на определено време.

    - Така решија родителите што ги повлекоа децата од мојот клас. Сега им предавам на еден ученик, кој е со православна религија, и на двајца ученици, кои се со исламска - ни изјави Станковски.

    Kога во септември избувна проблемот за изградбата на параклисот во селото и на што се спротивставија жителите од исламска вероисповед, учителот беше бојкотиран од родителите-муслимани. Тие ги преместија децата во другиот клас, а Станковски доаѓаше на работа без да има ангажман. По интервенцијата на Државниот просветен инспекторат, на училиштето му беше наложено наставата да се одржува во две паралелки за и тој да добие ангажман. Меѓутоа, оттогаш до сега работите се промениле.

    Инаку, градбата на параклисот и натаму е парализирана. Мештаните бараат помош од државните институции, меѓутоа од нив нема одговори. Нема комуникација ниту меѓу МПЦ-ОА и ИВЗ.

    - Ние и натаму чекаме. Нашиот став е дека подигањето на параклисот не може да се деблокира со тоа што некој ќе се пазари со барањата да се подигне џамијата во Прилеп или во битолското село Лажец. Ние тоа нема да го прифатиме и по цена да се откажеме од параклисот - ни изјавија во црковниот одбор во селото. (Б.Ѓ.)

       (Дневник)    23 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 241 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024