Масовно присуство на подгорчаните на денешниот собир кој се одржа во просториите на училиштето. Месната заедница им објасни на присутните дека Општината на незаконски начин сака да присвои објекти кои се од витално значење за населбата без кои селото не може да опстане.
Случајот со водоводот ги поттикна и најпасивните за да излезат и да покажат дека ја даваат нивната подршка максимално и дека секогаш ќе бидат на страната на Подгорци. Утре под мотото „Црвен Картон за неразумот и сопствените интереси" Подгорчаните ќе излезат пред општината Струга во 13:30 за да го покажат својот револт према општината. Се повикуваат сите кои се на страната на вистината со своето присуство да докажат дека сепак правото победува. За нашите идни генерации, за нас и за вас.
(Бриф)
23 декември 2013