Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-11-23, 6:41 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Дваесет икони се украдени од Македонија

    Дваесет икони се украдени од Македонија

    По повеќе од два месеци од заплената на околу илјада икони во Албанија, надлежните испратија експертски тим, кој требаше да провери дали и колку икони потекнуваат од црквите и од манастирите низ државата. Тие утврдиле дека дваесет икони кои во моментов се во рацете на албанската полиција се украдени од цркви во Битолскиот, Струшкиот и во Ресенскиот регион.
    Според официјалните информации, надлежните сега ќе чекаат да се врати експертскиот тим кој го утврди потеклото на иконите за потоа точно да се утврди од кои цркви биле украдени истите. Потоа треба да се изготви соодветна докуметнација и да се достави до албанското обвинителство за да се потврдат сознанијата дека иконите потекнуваат од земјава. Дури тогаш ќе почне постапката за нивно враќање назад.

    Останува нејасно зошто требаше да поминат повеќе од два месеци за да се испрати тим во Албанија.

    Последните неколку години црквите во западниот и во централниот дел на државата се на постојан удар на криминална група, која според неофицијалните информации, краде по нарачка, и тоа исклучиво вредни дела на македонските зографи стари и по неколку века кои обичен криминалец не би можел да ги познае.

    За жестокоста и интензитетот со кој се пљачкосуваат црквите и се пустоши македонското национално богатство сведочи фактот што МВР во последните три години регистрирало дури 252 кражби во цркви, а во оваа бројка не се вклучени кражбите што се случија во последните неколку месеци.

    Од почетокот на годинава настрадаа повеќе од дваесет цркви во струшкиот и во гостиварскиот крај, главно во села каде што има малку жители. На почетокот на годинава беа украдени вредни икони на Дичо Зограф и од црквата "Воведение на Пресвета Богородица-Света Пречиста" во дебарското село Долно Мелничани. Еден месец подоцна од црквата Свети Петар и Павле" во Тресонче беа украдени 32 икони стари и до 500 години.

    Од МВР информираат дека преку Интерпол се трага по 113 икони украдени од црквите во нашата земја кои имаат непроценлива вредност и се национално богатство.

       (Вечер)

        24 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 226 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024