Намалена видливост до 50 метри, според информациите на автомото -сојузот има во Скопје и Петровец, до 100 метра во Куманово и Демир Капија. АМСМ на возачите им укажува да внимаваат на делниците кои минуваат низ клисурите, каде што е можна појава на одрони, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Демир - Капија - Удово.
Засега остануваат да важат мерките за заштита, односно од работа се ослободени трудниците и болните од астма, а во периодот од 11 до 17 часот работниците не треба да работат на отворено.
Според последните податоци на Министерството за животна средина, воздухот останува најзагаден во Центар, Карпош и Лисиче. Освен Скопјани, денеска Тетовци, но и граѓаните на Кичево и Битола се гушат во загадениот воздух, кој е неколку пати над дозволените граници.
Елена Ставровска
(ALFA TV)