Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-12-28, 10:21 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Во 2013 година се расчистија сите лажни дилеми околу името (1дел)

    Во 2013 година се расчистија сите лажни дилеми околу името

    Сега веќе никој разумен и добронамерен не може да тврди дека во прашање е само името на државата, а не и идентитетот на македонскиот народ.

    Оваа година (2013) ќе остане запаметена како катализатор на сите основни и главни параметри сврзани со  името на државата. Само тие што имаат поинакви интереси, од тие на народот и државата, или тие кои се платени за својата петоколонашка дејност, кои секако не се малубројни, можат и понатака да тврдат дека треба да го смениме името, а идентитетот ќе ни остане недопрен. За сите други не само што не треба, туку не смее да има какви било двоумења дека целта на Вашингтон и Брисел е да се избришат Македонците, како вековен народ.

    Главниот процес, кој ги разби сите недоразбирања, го иницира лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Откако се врати од посета на САД, која беше организирана од страна на нашиот  „докажан пријател", Филип Рикер, тој побара да отвориме јавна дебата околу името. За да нема никаква забуна, наскоро во земјата дојде и самиот Рикер кој ни го повтори истото – за проблемот треба да се разговара на најширока основа. Не знам што мислите вие, почитувани читатели, ама силен и длабок е впечатокот дека идејата е на Рикер, а не на Ахмети! Впрочем, додека беше амбасадор во Скопје, во повеќе прилики, Рикер апелираше јавноста да им помогне на политичарите да го решат проблемот. За да нема недоразбирања, тој истовремено инсистираше – да си најдеме име! Со други зборови, предлагаше - виткање на ‘рбетот. Никој американски политичар или дипломат, а најмалку нивниот амбасадор, би се осудил да побара нешто слично во Атина.

    Значи, замислата, преку јавна дебата, да се изврши жесток притисок врз Македонците -  а) не е нова и б) е токму на Рикер. Сега, таа е претворена во конкретен проект. Ова е нов доказ дека благодарејќи на неговите идеи за уривање на Македонија, тој направи блескав скок во својата кариера.

    Дебатата треба да создава клима и услови сите американски платеници да дојдат до полн израз. САД, нели, можат да го координираат и финансираат сето тоа. Изразот „платеници" е само фигуративен бидејќи сигурно еден добар дел од нивните трабанти се добро стимулирани, ама неспорно е и дека некои од нив отворено работат против сопствената држава и народ од други (партиски, лични...) причини.

    Паралелно, целта е максимално вклучување на Албанците во проблемот, особено тие што се директно ангажирани во големоалбанскиот проект, со што би требало да се дерогира и ограничи улогата на загрозените Македонци.

    Сосема неочекувано, ама воопшто не случајно, по горните најави и барања, во проектот се вклучи и Нимиц. Тој, впрочем, од самиот почеток, работи по инструкции од Стејт департментот, а не од ООН. Нимиц е само формално под мандат на светската организација. Практично, тој е цело време реализатор на американската политика кон земјата. А, колку е таа во интерес на Македонија, се уверуваме катадневно, еве веќе преку 20 години.

    При посетата на Скопје, во септември 2013, Нимиц, практично, ја отвори дебатата. Апсолутно надвор од неговиот мандат, очигледно за да провоцира расправа, ги обелодени позициите на двете страни ама и – сопствената (читај – американската)! Сето беше мајсторски спакувано, за да можеше да се добие дури и (крајно лажен) впечаток дека тој „навива" за нас!? А, неспорна е намерата ние да влетаме во стапица која трајно ќе не осакати и како народ, и како држава. Неговата изјава во Скопје е неспоива со неговата функција. Во никој случај Нимиц нема овластување да дава јавен отчет за процесот. Тој е задолжен редовно да го информира генсекот на ООН за својот ангажман, ама тоа одамна не го прави. По чија инструкција или, поточно, наредба, тој така се однесува, одлучете сами. Впрочем, до вчера, истиот Нимиц, сосема коректно, апелираше и молеше за дискреција околу процесот. Одеднаш... Освен исполнување на американските интереси, едноставно, Нимиц не може да има друга причина за таков пресврт во неговото однесување.


    Rating: 0.0/0
    Views: 205 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024