Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-12-28, 10:27 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Во 2013 година се расчистија сите лажни дилеми околу името (2дел)

    Во 2013 година се расчистија сите лажни дилеми околу името

    Рамките, и капакот, на овој проект, кој Вашингтон сигурно упорно ќе го тера и понатака, ги даде Волерс. На предавање, каде ако не во Тетово, тој рече – „не можете да се дефинирате според својата националност, која е различна, ниту според верата, која, исто така, се разликува, или според културата, која е слична, но не е иста". Неговата порака е кристално јасна: не може да има македонски национален идентитет! Такво нешто не може да се дефинира во оваа држава. Место тоа, треба да се формира политичка нација која ќе се идентификува со соодветното државјанство, кое ќе произлегува од новото име на државата (граѓани на...). Како инаку ќе спречат Албанците да бидат македонски државјани?! Значи, целта е во државава да се избрише се’ што е македонско. Да не ќе личи ова на некаква доградба на Охридскиот договор?

    Волерс, апсолутно намерно, прецизно ја дефинира политиката на САД за разнебитување на македонскиот народ. Ако после сите овие настани, некој се’ уште се прашува – име или идентитет? - одговорот ни го даде Волерс: и тоа, и тоа.

    Втор момент, кој ја заокружува 2013 година, е изјавата на МНР Попоски дека планини ги делат позициите на двете земји околу проблемот со името. Крајно неразбирливо и контрапродуктивно, сите години наназад, проблемот со името Македонија го третира како најсвета државна тајна. Главно, сите информации ги добиваме од Атина и тие, нормално, се филувани со грчките интереси. Не е јасно зошто ние мораме се’ да криеме? Како да сме за нешто виновни, та не сакаме да излезе на виделина. А, напротив, сите факти и аргументи се на наша страна. Така, горната изјава на Попоски е редок исклучок, кој заслужува признание. Фактички, тој ни порача дека решение – нема. Можеби несвесно, министерот се обврза да даде и предлози за излез од ќор-сокакот. Инаку...

    Третиот настан, кој ја одбележа 2013 година, е декемврискиот самит на Европскиот совет. На истиот, по петти пат беше игнориран предлогот на Европската комисија (влада) Македонија да добие датум за почеток на преговори за членство. Дефинитивно, Брисел (НАТО и ЕУ) ни покажа дека нема никаква намера да отстапува од блокадата, уцената и ултиматумот – прво името, потоа членство. Сега веќе не треба да има никаква дилема и кој стои зад таквата политика. Ако е Брисел тој што директно го условува членството со прекрстување, без оглед врз кое објаснување (потреба од консензус, солидарност...) – како и зошто некој може да ја обвинува Атина? Таа и понатака ја прекршува Привремената спогодба бидејќи (без неа) не е можен консензус, што значи дека не попречува. Арно ама, одговорноста за ваквата политика, после Букурешт 2008, ја презеде Брисел. А, дали Грција, или некој трет, или петти е причина за таквата позиција - е ирелевантно. Неспорен факт е дека токму НАТО и ЕУ ги игнорираат и нашите исполнети критериуми (потврда за тоа е предлогот на Комисијата), и Привремената спогодба, и Хашката пресуда... Нас не’ кочи, и извршител на злосторството е Брисел. Тој ни вели не! А, што се крие зад тоа, воопшто не е клучно. Убиецот е секогаш најодговорен како извршител. Нарачателот одговара за поттикнување...

     Предлозите - што треба да преземаме, ќе следат наскоро.

                                                                                 Ристо Никовски

       (МКД)

        29 декември 2013


    Rating: 0.0/0
    Views: 167 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024