Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-11-23, 2:35 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Македонски манифест за амандманот на Ховит: „Златна зора“ се појави и во Брисел

    Македонски манифест за амандманот на Ховит: „Златна зора" се појави и во Брисел

    Истата „Златна зора", која во Грција ги изгуби државните финансии, сега се преселила во административното седиште на ЕУ и оттаму ги реализира промените што ги диктира „меѓународниот фактор", реагира Македонски манифест на амандманот на Ричард Ховит, известувачот за Македонија во Европскиот парламент за во сопствениот извештај да се избрише придавката „македонски".

    Минатата недела Ховит поднесе амандман на неговиот извештај со кој изрази загриженост дека помалку млади луѓе се чини дека го изучуваат јазикот на другиот (претходно беше македонскиот јазик) и побара акција по ова прашање за да се избегне поделба и потенцијални конфликти по етничка линија меѓу децата на училишна возраст.

    „Со едно политичко харикири, Ховит станува алатка со чија помош треба да се затвори кругот околу Македонија. Може само да се претпоставува која е вистинската причина за толку брзото еволуирање на британскиот европратеник. Но, со сигурност може да се тврди, дека тоа е дел од стратегијата на САД да се затвори маѓепсаниот круг околу Македонија за промена на нејзиното име, идентитетот, историјата, јазикот и културата на Македонците. Тоа е обид со уцени од сите страни да му се стави точка на македонското опстојување во името, што неодамна го најави поранешниот американски амбасадор во Република Македонија, Филип Рикер, кога сугерираше да отвориме „дебата за името", а по него и актуелниот американски амбасадор Пол Волерс, кој од европскиот Штулов универзитет во Тетово ни порача: „Не можете да се дефинирате по својата националност, која е различна, ниту по верата, која исто така се разликува, или по културата, која е слична, но не е иста". Внимавајте, потребно е со дебата да си го смениме нашето вековно име", соопшти Македонски манифест и го повикува македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија да не ги примаат слепо обландираните подароци од новиот Вавилон и да опстојат, како што велат, во исконот на името.

    „Придавката „македонски" може да ја протераат од ЕУ, но не можат да ја искоренат од Македонците", порачуваат од Македонски манифест.

       (МКД)

        29 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 208 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024