|
Иванов со сочувство до Путин
Иванов со сочувство до Путин
Претседателот Ѓорге Иванов, по повод терористичките напади во Волгоград, упати писмо со сочувство до претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.
„Со длабока тага и чувство на огорченост ја примив веста за терористичките напади во Волгоград, Руската Федерација, и искрено жалам за загубените животи од овој злосторнички акт. Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и за семејствата на настраданите и повредените, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име, да Ви упатам изрази на длабоко сочувство. Сакам да Ве уверам дека мислите на македонските граѓани се со Вас и со пријателскиот руски народ", се вели во писмото.
„Овој грозоморен чин, како и, впрочем, сите кукавички акти на тероризмот, чија цел е сеење страв и чувство на несигурност, чии жртви се недолжни луѓе, нема да не поколеба во истрајноста на зачувување на споделените човечки и цивилизациски вредности и придобивки. Напротив, овој глобален предизвик бара и глобален одговор, соработка и заемна поддршка", се вели, меѓу другото, во писмото со сочувство до рускиот претседател Путин.
(Утрински Весник) 30 декември 2013
|
|
Views: 228
| Added by: Вељанко
|
|
|