Арифи вели дека уште во кампањата граѓаните од православната вероисповед и укажале на проблемот и дека општината ќе се потруди да го стави проектот меѓу инфраструктурните приоритети.
-Во рамки на можностите, општината е подготвена да даде придонес во стандардизација на гробиштата, бидејќи е една цивилизациска потреба, рече Арифи.
Без конкретен договор помина темата - иницијативата на православните верници за нова црква во долниот дел од Тетово. За решение ќе се разговара во наредна прилика.
-Тетово има големи проблеми кои се поврзани со квалитетот на живеење, како но водата, сметот и гробиштата. Тие се прашања со приоритет, кои кога ќе бидат надминати ќе може да се разговара, рече градоначалничката.
-Ставот на верниците е дека сакаат нов храм, а прашањето останува отворено. Како што рече градоначалничката градот има проблеми кои треба да се решат по што се надевам дека ќе разговараме за соодветно решение, истакна митрополитот г. Јосиф.
Новите гробишта треба инфраструктурно да се довршат, како и да се изгради црква и помошни објекти.