Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-11-23, 2:46 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Скопјани традиционално на заедничко бадникување

    Скопјани традиционално на заедничко бадникување

    Со бадниковата химна и подигање на новото бадникарско знаме в понеделник пред платото на Соборниот храм „Св. Климент Охридски" ќе се одржи 22-то традицонално скопско бадникување, што го организира Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник.

    Поглаварот на Македонската православна црква Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во 11 часот ќе му го предаде бадниковиот ќуп на новиот кум-Методија Стефановски-Тоде. Бадниковата здравица ќе ја упати доктор Владимир Плавевски. 

    На свеченоста на скопјани ќе им се обратат градоначалникот на Скопје Коце Трајановски и стариот кум, бизнисменот Даниел Воиновски, како и новиот кум. 

    Средбата завршува со чинот на примопредавање на ќупот и кршењето на погачата со златна паричка, што се смета дека ќе му донесе среќа во текот на годината на тој што ќе ја добие. Со пајтонот, симболот на старо Скопје, новиот кум бадникар заедно со ќупот и семејството ќе замине од пред платото на Соборниот храм. 

       (Утрински Весник)
        3 јануари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 180 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024