Првото бебе во 2014 година - машко
Оља Чолакова (26) е мајката на првото бебе, машко, кое се роди во новата година во Скопје.
Една минута по полноќ на Клиниката за гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар во Скопје се роди бебе тешко 3 килограми и 450 грама и долго 50 сантиметри. Ова за Оља е второ дете.
Денеска мајката и бебето ќе бидат посетени од градоначалникот на Скопје Коце Трајановски кој ќе подари штедна книшка со 20.000 денари и други пригодни подароци.
(МКД)
3 јануари 2014