Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-11-26, 2:19 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    МАКЕДОНИЈА ДА ГИ КАЗНУВА ГРАЃАНИТЕ ШТО ОДАТ ВО ТУЃИ ВОЈНИ

    МАКЕДОНИЈА ДА ГИ КАЗНУВА ГРАЃАНИТЕ ШТО ОДАТ ВО ТУЃИ ВОЈНИ

    И Македонија треба да го казнува учеството на нејзини државјани во воени конфликти во странство, смета пратеникот Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи. По негова иницијатива, со последните измени на Kривичниот законик, врбувањето борци за војни во странство стана кривично дело, а спремен е да иницира и амандман со кој ќе се казнува учеството во конфликти во странство. Слична иницијатива веќе неколку месеци е актуелна во Босна и Херцеговина и во Србија, а српскиот вицепремиер Расим Љаиќ предложи на српските граѓани кои се борат во странство да им се одземе државјанството. Повод за ваквите иницијативи се процените дека во конфликтот во Сирија во моментов учествуваат од неколку стотини до повеќе од илјада државјани на балканските земји.

    Македонија досега не објави процена колку нејзини граѓани учествуваат или учествувале во конфликтот во Сирија, но најмалку тројца македонски државјани досега загинаа во тој конфликт борејќи се на страната на бунтовниците.

    Првиот чекор во санкционирање на учеството во конфликти во странство беше направен со последните измени и дополнувања на Kривичниот законик. Kазната за врбување борци за странски војски, ново кривично дело кое се предлага со измените, е од една до пет години.

    - Треба да се предвиди казна и за учесниците. За организаторите може да биде повисока, но за секој што ќе учествува треба да има санкција - вели пратеникот Трајанов од Демократскиот сојуз.

    Тој смета дека сега со амандман може да се додаде и ново кривично дело за оние што учествуваат во туѓи војни.

    - Докажувањето би се вршело како и за секое кривично дело. Веројатно би се прибирале снимки, фотографии, евиденција од вооружени формации, а најважни би биле сведоците. Доказите може да се прибираат и преку соработка со служби од други држави затоа што секогаш ќе има држави незадоволни од тоа што нечиј граѓанин учествувал во конфликт од едната или другата страна. Се разбира, мора да се разработи методологија за собирање информации и за документирање на учеството – смета поранешниот министер за внатрешни работи.

    Напорите да се пропишат и да се спроведат санкции против сопствените државјани кои учествуваат во конфликти во светот секаде е многу тешко, предупредува професорот по меѓународно право Методи Хаџи Јанев, експерт за конфликти.

    - Неколку држави се обидуваат тоа да го сторат преку своето законодавство, но тоа оди многу тешко. Првиот обид тоа да се направи на меѓународно ниво е со конвенциите за платеници во конфликтите, што отвори голема дебата. Од една страна е проблемот со правото на работа. Едната страна се приватните воени компании, кои се и беа и тоа како вклучени во функционирањето на коалициските сили во Ирак и во Авганистан, на пример. Од друга страна се хуманитарните права – како ќе спречите некого да ги изрази своите чувства и да се бори на страната во која верува – посочува Хаџи Јанев.

    Тој истакнува разни примери за едниот или за другиот пристап во западните земји. Едни, како САД, го оправдуваат постоењето на приватните воени компании и се во судир на идеи и на вредности со земјите што овие компании ги сметаат за платенички, но не го санкционираат учеството во војна од идеолошки побуди.

    - Ваквите обиди најчесто завршуваат со индиректно санкционирање на учеството во војна преку други кривични дела, како тероризам или работа за странска служба – смета Хаџи Јанев.

    Казнување на борците - тренд на Балканот

    Српскиот вицепремиер Расим Љаиќ поднесе иницијатива да се казнува учеството на српски државјани во борби во други држави, а една од можните казни е и одземање на државјанството, по примерот на Австрија.

    Слична иницијатива уште од септември има и министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Фахрудин Радончиќ, кој предложи оној што учествува во конфликт да се казни со затвор до 3 години, а организаторот до 10 години. Оние што пропагираат учество во туѓа војна ќе се казнат со затвор од еден до три месеци.

    Експертите во Србија и во БиХ со месеци предупредуваат дека такви санкции би биле неприменливи бидејќи не може да се ограничат слободата на движење на граѓаните и нивното право да патуваат во која било земја.
    Игор K. Илиевски

       (Дневник)

       5 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 166 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024