Во пресрет на Kоледе и Божик, во Штип први коледарските колачиња ги замесија децата од клонот „Другарче" на детската градинка „Вера Циривири-Трена". Тие, заедно со свои баби и со пензионерки од штипското Здружение на пензионерите, некои облечени во стара традиционална македонска носија, во просториите на градинката ги приготвија и ги испекоа омилените празнични колачиња.
- Целта ни е децата да се запознаат со традиционалните македонски христијански обичаи - истакнува Гордана Станисавловска, воспитувачка во детската градинка. (Љ.Ш.)