Експертите од Македонија откако ги разгледале иконите кои биле одземени од колекцијата на Тимо и убедени се дека овие икони се украдени од црквите во земјава, пишува албанскиот весник „Шекули”.
Сепак за да ја потврди веродостојноста на ваквите мислења Албанското јавно обвинителство на средбата со македонските експерти побарало Македонија да достави соодветна документација за истите со цел да се докаже дека истите навистина се со потекло од земјава.
Весникот истакнува дека се очекува македонските власти веднаш по утврдување на потеклото на иконите да поднесат барање до официјална Тирана за враќање на иконите во Македонија.
(Денешен Весник)
7 јануари 2014