Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2024-12-29, 12:28 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Обиена црквата „Свети Петар и Павле“ во Галичник

    Обиена црквата „Свети Петар и Павле" во Галичник

    Непознати сторители, во периодот меѓу 6 и 7 јануари провалиле во црквата „Свети Петар и Павле" во мијачкото село Галичник. Од првичниот увид утврдено е дека провалниците заминале со празни раце.

    СВР Тетово информира дека случајот го пријавил скопјанецот А.Н. (57), кој тие денови претстојувал во селото. По пријавата било констатирано дека во црквата е влезено со кршење на катанецот и бравата на влезната врата, потоа биле разбиени кутиите во кои верниците оставаат подароци и олтарот на црквата. 

    Полицијата води истрага во која треба да биде откриено што барале провалниците.

    Во регионите на Мала и Голема река, изминатата година беа регистрирани петнасетина кражби во верски објекти. Најмногу настрадаа црквите во Лазарополе, Сенце, Росоки и Тресонче од каде беа украдени над сто икони. Сторителите сe уште не се познати и се трага по нив.

       (Утрински Весник)
        8 јануари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 205 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024