Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-11-23, 2:05 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Полог се подјадува од сите страни

    Полог се подјадува од сите страни
    Тетово - Неконтролирано, неорганизирано и сосема неплански најплодната рамница во Македонија, Полог, се подјадува од сите страни. Највпечатливо е од двете страни на автопатот Тетово – Гостивар, каде што по целата должина од 25 километри веќе се изградени или се во фаза на изградба над 300, пред се', стопански објекти. Но, не е мал бројот и на базените и на помали спортски сали.

    Дека се гради неконтролирано е доволно да се помине по автопатот од каде што се наѕираат исправени бетонски столбови за нови објекти. И не се работи само за градби во првата линија на автопатот. На многу места веќе е изградена и втора, а објекти продолжуваат и уште поназад, создавајќи трета линија градби. А плодните површини се зафаќаат и со изградени пристапи до новите објекти. 

    Од друга страна, сите села во подножјата на Шар Планина и на Сува Гора и Жеден постепено ја освојуваат рамнината. На сите страни интензивно се подигаат најмногу станбени, но и други објекти. Наместо развојот на селата да се насочува кон пониските делови од планината, а со тоа и да се зачува плодното поле, се' се одвива во насока на плодните површини, пренаменувајќи го земјоделското земјиште во градежно.

    Стручни луѓе тврдат дека Полог веќе е „помал" за најмалку 1.000 хектари. Но, ако навреме не се стави крај на ваквата неконтролирана изградба, Полог од Јажинце до Вруток ќе се претвори во голем град, а земјоделското земјиште ќе остане само по бреговите на реката Вардар. (Г.Е.)

       (Утрински Весник)
        8 јануари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 196 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024