Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:34 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    НОВИ ПАРКОВИ И ДРВОРЕДИ ЌЕ ГО ЧИСТАТ СКОПЈЕ

    НОВИ ПАРКОВИ И ДРВОРЕДИ ЌЕ ГО ЧИСТАТ СКОПЈЕ

     

    Општините во Скопје не знаат со колку зеленило располагаат на своите територии, односно не водат евиденција за еден од клучните фактори за квалитетен живот во урбани услови. Велат дека садат колку што можат и подигаат паркови, но не знаат да одговорат на прашањето колку зеленило имале пред 10 години, а колку сега. 

    Екологистите и граѓаните коментираат дека во светот се зазеленува секој слободен урбан простор, а се прават паркови и на покривите на зградите, а кај нас зеленилото се намалува на сметка на бетонот. 

    Повеќе да се сади, помалку да се сече

    - Ако се земе предвид еколошкото зеленило, просто речено, Скопје осиромашува. Можеби се сади, но тоа е минимално. Некогаш мора и да се сече, но понекогаш непотребно се сечат дрвјата. Зеленилото е битен фактор кој го намалува аерозагадувањето - вели Јован Мазгански од еколошкото друштво „Опстанок". 

    Петар Бошевски од „Еко-скоп" вели дека се подигнуваат паркови, но се уништува зеленилото таму каде што е потребно.

    - Типичен пример е сечењето на дрвата за изградба на објектот до „Бристол". Беше образложено дека се исекле само пет дрва, а се засадиле многу повеќе. Но, овие пет дрва се битни затоа што во околината има густо изградени објекти, а новото зеленило не може да ја замени нивната функција во центарот - вели Бошевски. 

    Жител од населбата Аеродром реагира дека зеленилото во неговата општина постепено се уништува. 

    - Пред нашата зграда летоска исекоа седум брези, биле суви. Во ред, но зошто веќе есенва на нивното место не засадија нови дрвца? Ќе им треба години да пораснат, треба веднаш да се заменуваат исечените стебла. Нека садат нови паркови, но дрвата ни требаат и пред нашите згради - вели тој. 

    Според зелената површина на жител, во Скопје предничи токму Аеродром. Во оваа општина има 28 квадратни метри блоковско зеленило на жител што, според општинските власти, е за 3 пати повеќе од европскиот проектантски стандард, кој изнесува 8,5 квадрати по жител. 

    Аеродром - лидер, Шуто Оризари нема ни грмушка

    - Во Аеродром се изградени осум нови големи парка. Зеленилото редовно се одржува, а се спроведуваат и акции за садење - одговорија во Аеродром без да прецизираат колку дрва Општината засадила лани.

    Општината Kисела Вода, пак, располага со само 4,3 квадрати зеленило на жител, а Kарпош и Центар немаат свои податоци. Според податоците од Град Скопје, најлошо стои Шуто Оризари, каде што има 0,74 квадратни метри зеленило на жител или речиси воопшто.

    - Општина Центар го обновува блоковското зеленило и дрворедите. Спроведуваме набавка на 250 високородни листопадни садници со кои ќе оформиме дрвореди на повеќе улици. Минатиот месец се засадени 1.600 садници, односно 1.500 четинари и 100 брези - велат во Центар и додаваат дека уредиле повеќе паркови и скверови и ги обновиле зелените површини во училиштата и градинките.

    Во Општина Kисела Вода велат дека двапати годишно спроведуваат акција за садење дрва по главните и по споредните улици. 

    - Во моментов, во општината во која има 65.000 жители, има вкупно 280.000 квадратни метри зеленило - вели Марјан Спасески, портпарол во Kисела Вода.

    Од Kарпош не одговорија колку зелена површина имаат, туку надлежноста за подигањето и одржувањето ја префрлаат на ЈП „Паркови и зеленило".

    - Општината по сопствена волја има ангажирано 120 работници кои покрај тоа што се задолжени за одржување на јавната хигиена, ја косат тревата и ги кастрат гранките - вели Виолета Цветковска, портпарол во Kарпош.

    Тревниците ќе стануваат паркови

    Градските власти велат дека вкупната површина на зеленило во планскиот опфат на Град Скопје изнесува 2.709 хектари или 42,7 квадрата на жител.

    - Од вкупната површина, 907 хектари потпаѓаат на домување или 14,79 квадрати на жител, а 1.093 хектари зеленило (17,24 квадрати на жител) потпаѓаат на рекреација. Останатите хектари зеленило се распоредени на неколку помали категории - велат во Одделението за односи со јавноста.

    Тие додаваат дека според овие податоци, состојбата генерално е добра. 

    - Посебен проблем при пресметување е квалитетот на зеленилото и распоредот по општини. На пример, блоковското зеленило се движи од 0,74 квадратни метри на жител во Шуто Оризари, до 11,17 квадратни метри во Аеродром. Врз распоредот на зеленилото е тешко да се влијае затоа што нема слободни неуредени површини кои би можеле да станат паркови. Простор за дејствување има во постојните зелени површини т.е. нивно унапредување од обично блоковско зеленило со големи тревници, во квалитетни парковски површини - појаснуваат од Градот.

    Оттаму додаваат дека од април 2009 до октомври 2012 година се засадени 46.000 листопадни, зимзелени и грмушести садници. Најавуваат два големи проекта - зазеленување на поранешната депонија Вардариште и подигање ботаничка градина во Зоолошката градина.

    ЗА СЕКОЈ СКОПЈАНЕЦ ИМА 7 КВАДРАТИ ЗЕЛЕНИЛО

    Според податоците со кои располага јавното претпријатие „Паркови и зеленило", грубо пресметано во Скопје има 7 квадратни метри зеленило на жител. Ситуацијата, според претпријатието, е слична како пред 10 години.

    - Од 2009 до 2012 година се реконструирани 111.232 квадратни метри стари зелени површини и подигнати се 105.232 квадрати ново зеленило - велат во претпријатието. 

    Директорот Душан Авировиќ вели дека генерално е задоволен од соработката со општините.

    - Ние сме усно договорени со осумте општини, освен со Шуто Оризари и со Сарај, каде што и речиси нема блоковско зеленило, да ни помагаат во одржувањето и подигањето на блоковското зеленило. Сите општини имаат набавено машини за косење. Без нив, градот не би изгледал вака како што изгледа сега - вели Авировиќ.

    БРАТИСЛАВА ПРЕЗЕЛЕНА, МАДРИД СИВ

    Од Град Скопје велат дека процентот на зелени површини варира во поголемите европски градови: од 60 отсто во Братислава (Словачка) до 5 отсто во Мадрид (Шпанија).

    - На пример, во Kопенхаген, зелените површини, вклучувајќи го и вонградското зеленило, опфаќаат 43 отсто од површината на градот, што одговара на 43 квадратни метри зеленило на жител, што е многу повеќе од препорачаната површина од страна на Светската здравствена организација, која, пак, изнесува 9 квадратни метри - информираат од Градот.

    Анела Петрова

       (Дневник)

        9 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 338 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024