ИМЕТО И ИДЕНТИТЕТОТ ВО 2014
И ГОДИНАВА ЌЕ ГИ СЛУШАМЕ БЕЗЛИЧНИТЕ ИЗЈАВИ
Во овој контекст, ме стаписува кога Штефан Филе или Андерс Фог Расмунсен или некој друг лидер во ЕУ или во НАТО ќе каже „оваа држава" или „вашата држава" или што и да е друго освен Македонија. Kако очекуваат тие да го освојат македонскиот народ? Kако очекуваат тие да изградат сопствен кредибилитет кај македонскиот народ ако не можат да се натераат себеси да кажат „Македонија" во јавност? Зарем не ги познаваат основите од „Психологија 101"? Ако овие т.н. лидери сакаат кредибилитет кај македонскиот народ, тогаш едноставно ќе мора да покажат малку пристојност и почит.
Се разбира, напорите за членство во ЕУ сега даваат некои економски придобивки како претпристапните фондови (ИПА), кои се од помош. Но лидерите на ЕУ – преку својата неспособност или свесно одбивање да изговорат „Македонија" и „Македонци" - не прават ништо за да му се смилат на македонскиот народ – поради што ова е по малку брак без љубов и радост. Да, тука има законска врска, но сите знаеме дека таа не води никаде и најверојатно ќе се прекине.
И конечно, како што низ годините многупати пишував, главната работа е Македонија да продолжи да работи напорно со фокусирање на владеењето на законот, разумната фискална политика и континуираното привлекување директни странски инвестиции како и на одржувањето силен морален компас во културната сфера. Ова е рецептот за успех на Македонија бидејќи името и идентитетот на Македонија се неменливи.
Џејсон МИКО
Авторот е менаџер за односи со јавноста од Аризона (САД), и долгогодишен набљудувач на состојбите во Македонија и во Југоисточна Европа