Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-12-28, 6:37 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Засега без план за годишнината од битката кај Беласица

    Засега без план за годишнината од битката кај Беласица

    До собраниската Комисија за култура доставиле предлози МАНУ, Институтот за национална историја и општините Струмица и Охрид

    Татјана Поповска 

    Годинава се навршуваат илјада години од големата битка кај Беласица, која е влезена во националната меморија на македонскиот народ, а државава се' уште нема изграден концепт како да се одбележи овој настан кој го забрза пропаѓањето на Самуиловото царство. Иако во Охрид изминативе години беа речиси целосно обновени Самуиловите Крепости, а во центарот на Скопје беше поставен огромен мермерен споменик на средновековниот македонски цар, надлежните институции од Собранието, преку Министерството за култура, до Институтот за национална историја допрва ќе расправаат како да се одбележи битката од 1014 година. 

    Во своевиден политички натпревар за присвојување на историските личности Бугарија го најави одбележувањето на годишнината од смртта на Самуил (нагласувајќи дека бил бугарски цар) само неколку месеци по битката, која го промени развојот на настаните на овие територии. За годишнината има формирано национален комитет, на чие чело е премиерот Пламен Орешарски; во Софија треба да се постави споменик на царот Самуил, а, наводно, грчките власти биле подготвени да им ги дадат на Бугарите останките на Самуил, неговиот син Гаврило Радомир и внукот Иван Владислав, откриени на островот Свети Ахил во Преспанското Езеро.

    До собраниската Комисија за култура, која ја утврдува годишната програма за одбележување значајни настани и личности предлози за одбележување на годишнината од битката кај Беласица и смртта на цар Самуил, доставиле МАНУ, Институтот за национална историја и општините Струмица и Охрид. Но, освен формалните предлози нема дополнителни иницијативи како и на кој начин ќе се одбележи оваа значајна годишнина. 

    Портпаролката на Министерството за култура Анита Јовановска за начинот на одбележувањето на годишнината од битката кај Беласица и смртта на цар Самоил не' упати на собраниската Комисија за култура. Таа вели дека нивната програма се' уште се подготвува, но не кажа дали и како Министерството планира да ги одбележи овие датуми. 

    Наспроти тоа, претседателот на собраниската Комисија, Гордан Георгиев, ја отфрла одговорноста за начинот на кој се одбележуваат годишнините. 

    "Комисијата само ја подготвува Националната програма за одбележување на значајни настани и личности, но не учествува во подготовката на прославата, ниту пак во финансиската конструкција", вели Георгиев. 

    Идеја како ќе се прослави годишнината од овој историски настан се' уште нема ниту Институтот за национална историја, иако како значаен датум го предложиле до собраниската Комисија. Директорот на оваа институција, Драги Георгиев, вели дека конкретна програма нема, но дека деновиве ќе формираат посебен одбор кој ќе биде составен од вработени во Институтот и професори од Факултетот за историја, на кои специјалност им е средновековниот период. 

    "Не планираме некој поголем настан, а не е планирана ниту некоја меѓународна конференција со повеќе учесници. Истовремено ќе бидат одбележани годишнината од битката на Беласица и смртта на цар Самуил, бидејќи во прашање се само неколку месеци разлика од двата настани. 

    Ние ќе бидеме носители на одбележувањето, но конкретни планови се' уште нема", вели Георгиев. 

    За него најавата од Бугарија дека по повод годишнината ќе ги добие останките на цар Самуил од Грција е во доменот на политиката, а не на историјата. "Еден владетел умрен пред 1000 години, политичарите го ставаат во дневно-политички контекст. Не сметам дека тука има историја, туку политика на влади на две соседни држави". 

    Историчарот Тодор Чепреганов смета дека државата треба да и' даде посебно значење на годишнината од смртта на цар Самуил и од битката кај Беласица, особено што неговото кралство било на територијата на Македонија. 

    Во врска со најавите за големата прослава во Бугарија, Чепреганов вели: 

    "Ние не можеме да им се мешаме на Бугарите. Тие како сакаат може да прославуваат. Но, факт е дека неговото кралство било на македонска територија и дека Македонци му биле поданици. Се' што се случило на оваа територија е дел од македонскиот народ и и' припаѓа на македонската историја". 

    Разликата меѓу Македонија и Бугарија, објаснува Чепреганов, е во тоа што ние можеме да ја одбележиме годишнината на местото на кое цар Самуил владеел, а Бугарите ќе импровизираат. "Тие ги користат овие датуми за да направат провокација и да добијат некој политички поен", смета историчарот. 

    Битката со која почна падот на царството на Самуил се случила на 29 јули 1014 година под Беласица во клисурата Клидион, кај сегашното село Клуч кое се наоѓа во Бугарија, близу до границата, покрај реката Струмешница на патот од Струмица до Петрич. Византискиот цар Василиј Втори целосно ги поразил Самуиловите војски, заробувајќи 15.000 војници. Самуил одвај успеал да побегне од бојното поле со помош на неговиот син Гаврило Радомир во тврдината кај Прилеп. Според повеќе извори Василиј Втори наредил да бидат ослепени сите заробени војници, а на секој стоти да му биде оставено по едно око. Неколку месеци подоцна Самуил починал, а царствотот почнало да се распаѓа на сите страни.

       (Утрински Весник)
        11 јануари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 292 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024