Бугари парадираа во Скопје
Најпрво групата ѝ оддаде почит на Бунева со панихида во црквата „Свети Димитрија" во Скопје, а потоа на кејот на реката Вардар беше поставена нова спомен-плоча.
- Ако може споменик на царот Душан во центарот на Скопје, зошто да не се постави споменик на тетовката Мара Бунева - изјави претседателот на бугарскиот културен центар Лазар Младенов.
За него е неразбирливо како може окупатор како царот Душан да биде маркантна личност од историјата и да се круниса со споменик, а обележјата за Мара Бунева да се кршат.
Младенов вели дека доколку оваа власт му изградила споменик на Тодор Александров, не гледа проблем тоа да го направи и за Ванчо Михајлов и за Мара Бунева.
(Нова Македонија)
13 јануари 2014