Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 2:27 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Лустрирани уште седум лица за предметот на Ченто

    Лустрирани уште седум лица за предметот на Ченто

    Комисијата за верификација на факти на денешната седница прогласи седум лица за прекршители на човековите права и слободи од идеолошко политички причини поврзани со предметот на Методија Андонов Ченто, прв претседател на президиумот на АСНОМ


    Според информациите од Комисијата, се работи за три службени лица на ОЗНА, двајца јавни обвинители од кои едниот бил јавен обвинител на Македонија и двајца соработници на тогашната тајна служба. Едно лице од овие седуммина е живо, според информациите што лустрациска ги добила од Управата за водење на матични книги.

    Со претходните шестмина судии, досега за предметот на Методија Андонов - Ченто се лустрирани 13 лица.  Лустрациска во врска со случајот Ченто врши дополнителни проверки на повеќе лица.

    Управниот суд, пак, пред новогодишните празници, како што изјави за МИА портпаролот на Комисијата Предраг Димитровски, потврдил уште шест одлуки на Лустрациска.

    Со тоа  вкупниот број на потврдени одлуки на Комисија е седум. Љубомир Фишиќ, поранешен носител на јавна функција, советник на републичкиот секретар за внатрешни работи, беше лустриран за давање информации за лице обработувано од тајните служби под псевдонимот „Ѕвечарка". Вториот е Славе Рајовски, кој беше кандидат за советник во Општина Чучер Сандево на последните локални избори, а фигурирал како соработник на тајните служби под псевдонимот „Теолог", и работел со лица поврзани со српкиот радикализам, потоа Милован Стефановски, писател како поранешен член на Совет на радиодифузија, соработник под псевдоник „Превер", Исак Ајрули, поранешен советник во Општина Боговиње, соработник на тајните служби под псевдоним „Зенит", кој бил ангажиран за лица осомничени за настапување од позиции на албански национализам и иредентизам, Зоран Јовановски, поранешен советник во Општина Росоман, кој работел под псевдонимот „Референт", и бил ангажиран за лица осомничени за српски национализам и радикализам и Фередин Мифтари, заменик директор на Затворот Скопје, кој работел под псевдонимот „Кореограф".

    Претседателот на лустрациска во среда Томе Аџиев, кога е последниот работен ден на овој состав на Комисијата, ќе одржи прес-конференција на која ќе даде отчет за сработеното во изминатите пет години. (МИА)

       (Нова Македонија)

        13 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 192 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024