Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 2:38 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ДНЕВНИK“ ГИ ОТKРИВА КОРЕНИТЕ НА СОЛУНСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ВО KРУШЕВО KУЌАТА НА ДЕДОТО НА БУТАРИС ЧИНЕЛА БАСНОСЛОВНИ 1.000 ТУРСКИ ЗЛАТНИ ЛИРИ (1дел)

    ДНЕВНИK" ГИ ОТKРИВА КОРЕНИТЕ НА СОЛУНСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ВО KРУШЕВО

    KУЌАТА НА ДЕДОТО НА БУТАРИС ЧИНЕЛА БАСНОСЛОВНИ 1.000 ТУРСКИ ЗЛАТНИ ЛИРИ

    Била на три ката и имала 60 соби, наредени во квадрант. Терасите биле изѕидани на еркери. Вратите, таваните, мусандрите, долапите биле изработени во длабока резба, од буково и оревово дрво, вели м-р Зоран Богески, директор на Историскиот музеј во Kрушево

    Фантастично, огромно здание на три ката, со 60 соби украсени со резби од буково и оревово дрво, дело на мијачките градителски мајстори во втората половина на 19 век, кое до денес се пренесува од колено на колено, останало во колективната меморија на крушевчани.

    „Дневник" ја открива куќата на Ничота во Kрушево, каде што бил роден дедото по мајка на денешниот градоначалник на Солун, бизнисменот Јанис Бутарис, кој често повторува колку се гордее со своите крушевски корени. Имаше многу шпекулации за обнова на овој фамозен објект, од кој денеска не постои трага. Дојдовме до фотографии од куќата на Ничота, веројатно од 1899 година, кога е направена првата снимка на Kрушево. И до уште неколку други, фотографирани непосредно по бомбардирањето на Kрушево во 1903 година, кога настрадала и куќата. Kрушевчани велат дека темелите стрчеле до 1945-46 година, а камења биле вадени и во 60-тите и 70-тите години, кога е направен паркот, кој денес е на локација каде што била куќата.

    Секој агол на Kрушево е приказна за себе, полна со интересни личности. Но, куќата на Ничота е еден од бисерите на традиционалната крушевска архитектура. Изградбата и судбината на куќата се преплетуваат со приказната за неколку генерации од влашкото семејство Ничота и, се разбира, она по што Kрушево е најпознато - Илинденското востание.

    Историчарот м-р Зоран Богески, директор на Историскиот музеј во Kрушево, правел истражувања за овој објект и за семејството Ничота, чие презиме првпат се спомнува во 1769 година. Тоа е првиот бран на доаѓањето на Власите во Kрушево, од селото Николица, од околината на Москополе. Дошле неколку влашки семејства, предводени од поп Томо. Точната година на градење на куќата во досегашните историски документи не постои. Се претпоставува дека била подигната во втората половина на 19 век.

    - Kуќата на Ничота е градена по моделот на мијачките мајстори и на крушевските куќи, но со огромни пропорции и димензии. Била изѕидана од делкан гранитен камен донесен од Прилепско, а старите крушевчани велат дека бил дури од Мариовско. Била на три ката и имала 60 соби, наредени во квадрант. Во неговата средина имало шахтени огради, со дрвени перила, обработени на струг. Меѓу шахтите и собите се откривале салоните, кои биле сврзани со високи дивани од источната и од јужната страна, кои истовремено биле и лице на куќата. Терасите биле изѕидани на еркери. Вратите, таваните, мусандрите, долапите биле изработени во длабока резба, од буково и оревово дрво. Во долниот кат бил тремот на куќата, кој бил поплочен и околу него се наоѓале „зимниците" (веројатно се мисли на визби). На едниот крај, на горната страна од тремот, се наоѓала голема мермерна чешма со две шопурки. Градбата на куќата чинела 1.000 турски златни лири, баснословна сума за тоа време - објаснува Богески.

    „Автономија": На Ничотовата куќа е истакнато црвено знаме

    Во документите од 1832 година се спомнува Стерија Ничота, кој добил ферман да тргува по копно и по море со Европа, Индија и со Персија. Такви дозволи добиле и неговите наследници и роднини. Досега нема официјален податок која била главната трговска дејност на Ничота.

    - Во средината на 19 век, шест крушевски фамилии живееле и имале дуќани среде Виена. Документирано е дека една од нив е фамилијата Ничота. Додека престојувале во Виена, присуствувале на бал и ја добиле главната премија. Нема податок кога точно се случило тоа, но со премијата станале уште помоќни, ја доразвиле трговијата и ја изградиле куќата во Kрушево. Постарите крушевчани запамтиле дека во куќата имало и клавир, но за тоа досега нема потврда. Само е пренесувано од колено на колено. А во тоа време клавир имало во Битола, Скопје, Солун и во Серес - вели Богески.

    Интересна е поврзаноста на куќата со Илинденското востание. Не може прецизно да се одреди дали фамилијата Ничота активно учествувала во востанието или само давала логистика во критичните моменти на реокупирањето на слободната територија.

    - Билтенот на весникот „Автономија" печатен во Софија, на 30 јули 1903 година, спомнува дека „на Ничотовата куќа е истакнато црвено знаме". Тоа е запомнето и кај населението. Подоцна на тоа место е изграден столбот на Kрушевската Република кој постои до денес, од каде што почнуваат традиционалните годишни прослави на манифестацијата „Десет дена Kрушевска Република" - вели Богески.

    Во критичниот момент, на 12 и 13 август 1903 година, турскиот аскер не влегол во Kрушево. Башибозукот (претежно составен од помачкото население од околните муслимански села) извршил грабеж за да се компензира нивното учество. Тогаш Емин-оџа од Алданци ја запалил црквата „Св. Никола", која била десетина метри над куќата на Ничота.


    Rating: 0.0/0
    Views: 487 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024