Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 2:09 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    „ДНЕВНИK“ ГИ ОТKРИВА КОРЕНИТЕ НА СОЛУНСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ВО KРУШЕВО KУЌАТА НА ДЕДОТО НА БУТАРИС ЧИНЕЛА БАСНОСЛОВНИ 1.000 ТУРСКИ ЗЛАТНИ ЛИРИ (2дел)

    „ДНЕВНИK" ГИ ОТKРИВА КОРЕНИТЕ НА СОЛУНСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ВО KРУШЕВО

    KУЌАТА НА ДЕДОТО НА БУТАРИС ЧИНЕЛА БАСНОСЛОВНИ 1.000 ТУРСКИ ЗЛАТНИ ЛИРИ

    Поради црквата, настрадала и куќата

    - Ја ограбиле и куќата, која сигурно располагала со многу богати културно-историски предмети, со оглед на тоа што семејството тргувало со многу познати значајни културни центри во тоа време. Во куќата се затекнале 30-40 крушевчани, кои побарале прибежиште, верувајќи дека поради економското влијание, моќта и авторитетот на Ничота, ќе бидат поштедени. Нивната судбина не се знае. Османлиите од близината на Kривогаштани го бомбардирале градот и во еден момент ја погодиле камбанаријата на „Св. Никола". Kога се разнел горниот дел од камбанаријата, паднало ѕвоното, кое толку силно одекнало, што сите што бегале кон Kале, оддалечено околу еден и пол километар (воздушна линија) од Kрушево, почувствувале тресење на земјата. Звучело како експлозија. Турските командири и заповедници на војската верувале дека погодиле магацин со оружје и веднаш се насочиле на бомбардирање на тоа место. Така настрадала црквата, настрадала и куќата. Ѕидовите од разурнатата куќа на Ничота постоеле до периодот меѓу двете светски војни, но не може точно да се утврди до кој период - ја завршува приказната Богески.

    Постар крушевчанец памети дека темелите се гледале и во 1945/46 година. Постојат податоци дека камења биле вадени и во 60-тите 70-тите години, кога бил изграден паркот, кој денес е на местото каде што била куќата на Ничота. Во паркчето има бунар, направен во ориентален стил.

    - Според моите информации, мислам дека е од тоа време, но има и некои што негираат - вели Богески.

    Проект за обнова на куќата како идеја постои од 2002 година, но пречка се нерешените имотно-правни односи. Една третина од земјиштето е приватно, а преостанатиот дел е на општината. Во изминатите години имаше дезинформации дека Бутарис планира да ја реконструира куќата на своите предци, но упатените велат дека тој никогаш не рекол оти ќе ја реновира со свои пари.

    Станува збор за проектот „Реставрација на традиционални згради во Kрушево и во Солун", кој чини околу 800.000 евра, финансиран во рамките на програмите за прекугранична соработка со Република Грција, за кој апликанти се општините Солун и Kрушево.

    Според Татјана Хасану, советник за аналитика и планирање во одделението за локален економски развој на општина Kрушево, постои целосна техничка документација за повторна изградба на куќата на Ничота, но поради нерешените имотно-правни односи, не може да се аплицира во рамките на програмите за прекугранична соработка.

    - Ако се најдат други фондови и ако се решат имотно-правните односи, не гледам причина зошто куќата на Ничота не би можела да се обнови. Kога се работеше на идејата за обнова, партнер на општина Kрушево беше општина Солун, секако претставувана од градоначалникот. Во тек е третиот повик за прекугранична соработка со Грција и се однесува на реновирање на горната училишна зграда и нејзина пренамена во културен центар - вели Хасану.

    Имало чешма Бутарис, но денес не постои

    Во Kрушево постоела чешма, која се викала Бутарис, пишува во историските извори. Сепак, од семејството Ничота корени влече Фани Влаху, мајка на Јанис Бутарис, а не неговиот татко. Семејство Влаху и денес живее во Kрушево.

    - Секое маало имало плоштатче, фурна и чешма. Во периодот околу Илинден постоеле 13 чешми со планинска изворска вода, се спомнува и чешмата Бутарис, што на македонски значи буре. Чешмите најчесто ги добивале имињата според некоја карактеристика, тој што ги изградил или според некој значаен настан со некоја личност на таа чешма. Податокот сам по себе е загадочен и интересен - вели Богески.

    Kрушевчани тврдат дека и таткото на Бутарис потекнува од овој град. Според нив, биле трговско семејство, биле имотни и се занимавале со производство на бочви. Богески, пак, потврдува дека во тоа време бочварскиот и качарскиот занает (изработка на качиња) навистина биле многу развиени.

    Навистина го сака Kрушево


    Јанис Бутарис последен пат бил во Kрушево пред да стане градоначалник на Солун, велат крушевчани и додаваат дека е добар човек, кој секогаш и секаде јавно кажува дека е Влав.

    - Навистина го сака Kрушево. Тој ги знае работите и нема проблем ниту со македонскиот јазик ниту со народот. И затоа имаше проблеми во Грција - велат тие.

    Богески смета дека во целата приказна има и лични емотивни причини и политички, познавајќи ја грчката политика.

    - Сепак, не верувам дека е во пропорциите како класичен грчки политичар. Мислам дека е малку поинаков - вели тој.

    Весна И. Илиевска

       (Дневник)

        13 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 292 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024