Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-11-22, 3:22 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Потврдена доживотната казна за полицаецот кој ја бранеше малолетната ќерка

    Потврдена доживотната казна за полицаецот кој ја бранеше малолетната ќерка

    Апелациониот суд во Гостивар ја отфрли жалбата во случајот на екс-полицаецот Јаким Трифуновски. Апелација ја потврди првостепената одлука на Основниот суд во Гостивар со која Трифуновски е осуден на доживотен затвор за двојно убиство, пишува Нова Македонија.
    jakim trifunovski sudenje

    Од гостиварскиот Основен суд потврдија дека одлуката на второстепениот суд стигнала кај нив пред една недела. Повторно судење или преиначување на казната нема да има.

    Јавната седница во Апелациониот суд се одржа кон крајот на ноември. Во жалбата, се бараше укинување на пресудата и враќање на предметот на повторно судење.

    Одбраната образложи дека во првостепената постапка имало контрадикторности и дека сите материјални докази и вештачењата ја потврдувале изјавата на Трифуновски која судот не ја зел за веродостојна, а поклонил верба само на исказите на сведоците.

    Настанот кој ја потресе гостиварската јавност се случи во февруари 2012 година.

    Поранешниот полицаец со службениот пиштол застрела двајца гостиварци. За причините тој и сведоците кои се појавија на суд имаа различни веризии. Додека сведоците изјавија дека Трифуновски пукал без особен повод во банална расправија за паркинг место, тој тврдеше дека бил нападнат и ја штител малолетната ќерка и себе си.

    Една година по настанот кривичниот совет на Основниот суд во Гостивар го прогласи за виновен за убиство со умисла и предизвикување на општа опасност и го осуди на доживотен затвор.

    По одлуката на Апелација одбраната има право да се жали пред Врховниот суд. 

    (е ова е срам... да не должам, се знае зошто ќе лежи...)

       (Денешен Весник)

        13 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 197 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024