Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-11-22, 3:37 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Во Штип ќе потечат првите киловати сончева енергија

    Во Штип ќе потечат првите киловати сончева енергија

    Двете полиња со фотоволтаични модули во близина на село Крупиште ќе произведат годишно вкупно 2,6 милиони киловат-часови електрична енергија

    ИВАН БОЈАЏИСКИ


    Штип – Во близина на селото Крупиште, веднаш покрај магистралниот пат Штип – Кочани никнаа две нови полиња со фотоволтаични модули за производство на електрична енергија со користење на сончевата енергија. На површина од по два хектара, две штипски фирми – „Еко солар" и „Еси солар" инвестираа по еден милион евра во нешто што светот го препознава како енергија на иднината.

    „На ваков чекор се одлучивме по претходно направени севкупни анализи за исплатливоста и самоодржливоста на проектот. Искуството и консалтингот е трансфериран од Германија, локацијата на која ги инсталираме фотоволтаичните модули се покажа како најидеална за ваков проект, оддалеченоста на поголемите планини и ридови дава можности за поголема продуктивност, а сонцето ќе ги напојува фотоволтаичните модули речиси преку цел ден. Технологијата, односно фотоволтаичните модули се набавени од Кина, додека останатата опрема е од Германија. Проектот го изведуваат домашни фирми лиценцирани за ваков вид проекти", велат Сузана Ангеловска и Зорка Трајковска, првата управителка на „Еко солар", втората управителка на „Еси солар". 

    Се работи за две посебни инвестиции, односно две полиња на фотоволтаици инсталирани на две локации една до друга при што, секое од нив ќе остварува годишно производство од по 1,3 милиони киловат-часови, што значи дека двете полиња ќе остварат вкупно 2,6 милиони киловат-часови. Тоа производство, според двете управителки, е доволно во текот на една календарска година со квалитетна електрична енергија да снабди над илјада домаќинства.

    Се очекува двата проекта да бидат комплетно завршени до крајот на овој месец, а со првите сончеви зраци да потечат и првите киловат-часови електрична енергија која ќе се вклучи во електроенергетскиот систем на нашата држава. Посебно значење овој проект има во однос на еколошките погодности. Имено, според сите анализи, струјата која ќе се добива од енергијата на сонцето од двата капацитета ќе значи супституција на јаглен од 1.144.000 килограми, што ќе значи сериозно намалување на емисијата на јаглероден диоксид во воздухот. 

    Овој исклучително значаен проект финансиски е поддржан од Европската инвестициска банка преку Охридска банка. Двете штипски фирми кои со сите свои капацитети стојат зад проектот се во фаза на договарање со ЕВН за потпишување договор за условите под кои овие капацитети ќе бидат приклучени на електродистрибутивната мрежа, по што ќе следи и договор со МЕПСО за откуп на произведената електрична енергија. Се оценува дека во овој случај се работи за една од петте најголеми вакви инвестиции во државата.

       (Утрински Весник)
        15 јануари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 443 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024