Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 2:27 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Затвореници вахабисти си формирале ќелија и шират радикален ислам

    Затвореници вахабисти си формирале ќелија и шират радикален ислам

    Затвореници во затворот „Идризово" во последниве неколку години успеале да формираат радикална вахабистичка ќелија што го пропагира џихадот и работи на регрутирање нови членови, дознаваме од извори во затворот.

    Според нив, тие успеале една од затворските ќелии шестото крило да го преуредат во импровизирана џамија во која закачиле три знамиња испишани со пароли на арапски јазик, а пароли на истиот јазик пишувале и по ѕидовите на ќелијата. Главниот идеолог и организатор на оваа вахабистичка ќелија бил затвореник од Косово, а негови соработници биле тројца затвореници од Македонија и еден од Сирија.

    МКД.МК за ваквите информации се обрати до Управата за санкции и до Министерството за внатрешни работи.

    Од МВР изјавија дека имале одредени сознанија дека во КПД „Идризово" постоеле затвореници што применувале верски обреди кои не се во согласност со традиционалниот ислам, но дека досега од нивна страна немало никакви нарушувања на безбедноста во затворот.

    „Станува збор за група затвореници што верските обреди ги држат на поинаков начин од оној што го налага традиционалниот ислам. Но тоа си е нивно право. Засега од нивна страна не се забележани никакви активности што би укажале на некакво загрозување на редот и безбедноста во затворот", изјави Иво Котевски, заменик-министер задолжен за односи со јавноста.

    Како што тврдат нашите извори, групата вахабисти во затворот живеела и функционирала по строги вахабистички правила.

    „Тие се молат, односно се клањаат по пет пати на ден и тоа во ходникот пред самата ќелија. По цел ден читаат исламски книги и го учат арапскиот јазик. Телевизија никогаш не гледаат, а телевизорот го користат за да гледаат цд-иња од Ирак, Авганистан, Сирија и Чеченија. Еден период имаа и лаптоп што го користеа за да гледаат видео клипови со експлицитни содржини од боиштата каде војуваат муџахедини. Сега немаат лаптоп, но затоа имаат СМАРТ телефони преку кои ги вршат истите активности. Додека се поклонуваат ним им се приклучуваат и затвореници од другите ќелии. Меѓу осудениците од тоа затворско крило има лица осудени за тероризам и за незаконско поседување оружје", истакнуваат тие.

    Понатаму, по секоја молитва оваа радикална група во ќелијата држела верски предавања, а за што понепречено да ги извршуваат ваквите активности наводно им помагал еден од затворските чувари, кој по националност бил Албанец. Ова лице на лидерот на групата му овозможувало посети од лица од Косово и од Македонија, кои не му биле роднини и кои немале право да го посетуваат бидејќи така наложувал куќниот ред на КПД „Идризово".

    Посетителите на водачот на групата му носеле верска литература која потоа тој им ја делел и презентирал на други затвореници, а со цел да ги регрутира во групата. Тој често бил посетуван и од неговиот брат од Косово, кој бил припадник на радикалната исламистичка група наречена „СЕЛАФИ".

    Инаку, нашите извори наведуваат дека на радикалната група во затворот им се приклучувале затвореници што биле наркозависници и криминалци, а кои од зависноста се ослободувале преку вахабистичкото учење што им го презентирал лидерот од Косово.

    Исто така, оваа радикална група наводно била во контакт и со исламисти од селото Горна Маоча, во БиХ, каде што живеат вахабисти и каде што босанската полиција досега неколкупати спроведуваше акции во кои апсеше радикали и запленуваше поголеми количества оружје. Пред да бидат затворени, некои од припадниците на оваа група дури и престојувале во босанското село од каде добиле инструкции и во Македонија да организираат ист начин на живот, по строги вахабистички правила, а за таа цел било одбрано едно кумановско село и им била дадена поголема сума пари.

    А.Д.

       (МКД)

        17 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 287 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024