Членови на одборот, како и претставници на СВР Тетово, политички партии и здруженија положија цвеќе пред
објектот каде беше полициската станица.
Неговата загуба беше наговест за она што следуваше, период на криза, жртви и ранети бранители од сите краеви, истакна Светозар Ѓорѓевски в.д претседател на Одборот на бранители.
Од одборот, побараа сите учесници во конфликтот суштински да бидат ресоцијализирани. За сите учесници во конфликтот, како бранителите, така и припадниците на ОНА треба да има еднаква психолошка ресоцијализација. Вака преку рамковниот договор само за едната
страна има вклучување во општествените текови и иднината на државата, вели Ацо Стојановски, од Одборот на бранители.
Лика Јахи, кој беше еден од тројцата ранети во првиот напад во 2001-та не добил институционална помош.
Не ја тужев државата, а тие што ја тужеа добија помош и продолжија со политика, изјави Јахи.
Бранители сакаат плочата за Момир Стојановски која ја поставуваат само за оваа пригода трајно да биде во кругот на новата полициска станицата во Теарце. Во 2001 година при
нападот на станицата, покрај загинатиот Стојановски, имаше ранети. Тоа беа Давор Евросимовски, Борче Ѓуровски и Лика Јахи.