Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 10:28 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    РЕФОРМИРАЊЕ НА ПЕДАГОШKИТЕ ФАKУЛТЕТИ СЕКОЈ НЕМА ДА МОЖЕ ДА СТАНЕ НАСТАВНИК

    РЕФОРМИРАЊЕ НА ПЕДАГОШKИТЕ ФАKУЛТЕТИ

    СЕКОЈ НЕМА ДА МОЖЕ ДА СТАНЕ НАСТАВНИК

    Построга селекција на кандидатите при упис, промени во наставните програми, во начинот на едукација, како и на педагошката практика... Ова се само некои од новите владини мерки за тоа како во иднина ќе се станува наставник. Kонкретните чекори с` уште не се откриваат, но извесно е дека наскоро ќе се применуваат повисоки стандарди за педагошките факултети во земјава.

    Планот за големи реформи за факултетите за наставници е потврден и на Економскиот совет на Владата. Извори оттаму брифираат дека најголемо внимание ќе се посвети на уписната политика, која треба да привлече појаки кандидати, но и на самите програми. Идејата е секој да не може да стане наставник, нешто што е веќе востановена пракса во повеќе земји и европски факултети за наставници, на пример, британските, финските или германските. На Педагошката академија при универзитетот во Хелсинки, на пример, се пријавуваат и над 3.000 кандидати за 120 слободни места. 

    Соработката со институциите е важна

    Некои од професорите ја поздравуваат одлуката за реформи на педагошките факултети бидејќи подолг период не се обрнувало внимание на нивниот развој, а некои и даваат свои идеи.

    Еден од проблемите со кои се соочуваат факултетите за наставници е што се запишуваат матуранти со послаб успех. Kај некои квотите им се пополнуваат на последниот уписен рок кога се пријавуваа одбиени кандидати од другите факултети. Деканот на Педагошкиот факултет од Скопје, Владо Тимовски, вели дека оваа пракса кај нив е сменета. 

    - Годинава повеќето од студентите што се запишаа во прва година беа одлични или ученици со многу добар успех. Тоа ме радува бидејќи сме привлекле квалитетни кандидати - вели тој.

    Професорот Тимовски вели дека нивниот факултет постојано прави промени на наставните програми и е во тек со промените во образованието.

    - Исто така, соработуваме со надлежните за сите промени и ќе соработуваме за следните измени. Сметам дека насочувањето на учениците со тестови за професионална ориентација може да помогне во одговорот кој с` може да биде учител - вели Тимовски.

    И професорката Благица Петковска од Педагошкиот факултет во Скопје смета дека сите промени во образованието треба да се прават во договор со факултетите за наставници.

    Според неа, потребна е построга селекција на кандидатите што ги примаат на факултетот.

    - Порано кога имавме приемни испити, правевме селекција дури од над 700 кандидати и имавме извонредни студенти - вели Петковска.

    Образованието на учителите да стане приоритет

    Д-р Kирил Барбареев од Факултетот за образовни науки од Штип смета дека промени се потребни веднаш. Според него, образованието на учителите треба да се подигне на степен на приоритет и да стане клучно прашање на образовната политика. 

    - Во фокусот на промената треба да биде наставникот, а не опремата. Токму затоа реформата би требало да биде во фокусот на професијата учител, наставник, професор, а не само на педагошките факултети. Бидејќи евидентно е дека проблеми со наставниците имаме од воспитувачите во детска градинка, па с` до универзитетските наставници. Реформите на педагошките факултети се само еден сегмент и тие не треба да одат посебно без реформи на другите факултети - вели Барбареев.

    Според него, важно е и тие реформи преку воспитно-образовниот систем да оспособат генерации за усвојување функционални знаења, љубопитност, креативност, за смели подвизи, за ризик, за висок професионализам и за одговорно однесување, за индивидуален продор, но и за тимска работа. Во земјава факултети за наставници има на скопскиот, битолскиот, штипскиот и на тетовскиот универзитет.

    KВАЛИТЕТОТ СЕ НАМАЛИЛ ВО ТЕКОТ НА ТРАНЗИЦИЈАТА

    И премиерот Никола Груевски најави дека ќе има реформи за педагошките факултети и посочи дека во годините на транзицијата постепено се намалувал квалитетот на овие факултети, што е исклучително лошо за сегашните и за идните генерации ученици. Поради ова, реформата за овие факултети ќе биде стимулирачка и мотивирачка за учениците да се запишуваат на нив.

    Милена Атансоска-Манасиева

       (Дневник)

        22 јануари 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 184 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024