Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 10:44 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ЛЕЈЛА ЌАМИЛОВА, САМОХРАНА МАЈKА НА ПЕТ ДЕЦА ОД ГОСТИВАР МОИТЕ ДЕЦА СЕВДА, ДЕМИР И СЕМИРА ВЕЌЕ НЕ ПИТААТ, ОДАТ НА УЧИЛИШТЕ

    ЛЕЈЛА ЌАМИЛОВА, САМОХРАНА МАЈKА НА ПЕТ ДЕЦА ОД ГОСТИВАР

    МОИТЕ ДЕЦА СЕВДА, ДЕМИР И СЕМИРА ВЕЌЕ НЕ ПИТААТ, ОДАТ НА УЧИЛИШТЕСега децата се многу променети, а како нема да бидат кога се стоплени и нахранети, вели 28-годишната самохрана мајка на пет деца, Лејла Ќамилова, од Гостивар, чии три деца улицата и питањето од пред неколку месеци ги заменија со училишни клупи. Тие зимава првпат беа на распуст. Детските рачиња на Демир (11), Семира (8) и Севда (10) Ќамилови, неколку месеци не се испружени да бараат милост, туку пишуваат букви, бојат и ги вртат страниците од учебниците.
    Згрижени осум деца од улица

    Овие три деца и уште пет други, благодарение на акцијата на гостиварскиот Центар за социјални работи, сега за сега се тргнати од улица и поштедени од питање и од талкање. Акцијата е спроведена во рамките на проектот на Министерството за труд и социјала кој почна во септември, наречен „Деца од улица". Социјалните работници на терен ги барале децата, разговарале со нив и со нивните родители и успеале да ги убедат да се вклучат во образовниот процес. Повеќето од нив ги запишале во училиштето во Маврови Анови, каде што престојуваат во интернат со обезбедени храна, превоз и училишен прибор. 

    Демир раскажува за своите први искуства во училишната клупа, и сега се фали со новите другарства. Ова црнооко дете прв пат се сретнало со книгите и училиштето и вели дека му е интересно и оти сака да научи да чита и да пишува.

    Деновиве, со помош на тимот од Центарот за социјална работа Гостивар, стапивме во контакт со нив. Додека разговаравме, кај нив и нивната мајка Лејла впечатливо беше задоволството од исходот. Таа е благодарна за шансата за децата да не го живеат нејзиниот живот.

    - Kога за викенди доаѓаат дома, гледам дека се поинакви, помирни. Kако нема да бидат кога се стоплени, нахранети. Тие не треба да живеат како мене во беда, неписмени - вели Ќамилова, која има уште две други деца.

    Од Центарот велат дека во почетокот се соочиле со тешкотии, но набрзо работите тргнале на подобро.

    - Ова не се секојдневни работи, но, за среќа, и педагозите и воспитувачите го прифатија предизвикот и помогнаа многу со својот ангажман. Освен работните, децата стекнаа и хигиенски навики. Сега воопшто не се издвојуваат од новата средина - вели Марија Алексоска, директор на Центарот за социјална работа во Гостивар.

    Не може со точност да се каже колку деца талкаат и питаат по гостиварските улици. Често со родители или со роднини доаѓаат и од други места, но се проценува дека ги има петнаесетина што постојано живеат во Гостивар. Нивното згрижување е повеќе од неопходно, сметаат социјалните работници.

    Наскоро ќе добијат и изводи на родени

    - Вклучувањето во образовниот процес е од голема важност, особено за оваа категорија. Децата што растат на улица многу лесно може да посегнат по дрога или да влезат во криминал. Со ваква превентивна активност придонесуваме за посигурна иднина за сите нас - вели психологот Билен Kарахасан.

    Наскоро децата со помош на социјалните работници ќе добијат и изводи на родени и други документи. Со тоа тие конечно ќе бидат дел од средината во која живеат. Ќе бидат рамноправни со другите иако судбината била сурова кон нив. Семира, Севда и Демир добија шанса да почувствуваат како изгледа детство без питање.

    Зоран Г. Маџоски

       (Дневник)

       22 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 236 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024