Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:29 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    KРАЈ ЗА ФАЛСИФИKАТОРИТЕ МЕДОТ ЌЕ СЕ ПРОДАВА ВО ТЕГЛИ СО ЖИГ ОД ПЧЕЛАРОТ

    KРАЈ ЗА ФАЛСИФИKАТОРИТЕ

    МЕДОТ ЌЕ СЕ ПРОДАВА ВО ТЕГЛИ СО ЖИГ ОД ПЧЕЛАРОТ
    Медот ќе се продава само во брендирани тегли со посебен жиг од пчеларот. На овој начин во Агенцијата за храна и самите производители сметаат дека ќе се справат со фалсификаторите на мед. Според правилникот, кој важи од почетокот на годинава, сите производители на мед мора да бидат регистрирани. Теглите со идентификациски број ќе може да ги користат само регистрираните пчелари и на тој начин на купувачите ќе им се гарантира дека производот е безбеден и со докажан квалитет. За издавање идентификациска табла за одгледувалиште на пчели ќе биде задолжено овластено ветеринарно друштво. Таблата ќе треба да се постави на видливо место на пчеларникот.

    Наместо мед, спакуван шербет

    Според последните бројки, околу еден тон фалсификуван мед е пронајден од страна на инспекторите. Лажниот мед е пронајден на импровизираните тезги на автопатите низ земјава, како и на тезгите на зелените пазари.

    Наместо мед, во теглите бил спакуван шеќерен сируп, на теглите немало декларација, ниту се знаел производителот.

    - По неколкуте редовни и вонредни засилени контроли на пазарот со мед и пчелни производи во текот на минатата година беа запленети 962 килограма небезбедни производи, дел несоодветно декларирани количини мед, како и лажно деклариран мед. Со ова нашите инспекциски служби го прекинаа и синџирот од производители, дистрибутери и продавачи на фалсификуван мед на патните правци Росоман - Прилеп и Kичево - Охрид - велат во Агенцијата за храна и ветеринарство.

    Од таму велат дека врз основа на воспоставената соработка со претставниците на пчеларските здруженија, со новиот правилник конечно ќе стават ред во производството на мед.

    Експертите од Факултетот за земјоделство и храна велат дека пчеларството е добар бизнис и секоја година с` повеќе се развива кај нас.

    - Пчеларството е сериозен бизнис, од кој може добро да се живее. Во Македонија има сериозни производители, на кои пчеларството им е семеен бизнис. Тие треба да бидат пример за сите што сакаат да се занимаваат со оваа дејност. Правилникот е одличен и со него ќе се знае од каде потекнува секоја тегла мед - вели Драги Димитриевски, декан на Факултетот за земјоделство и храна.

    Kонтролата е најбитна

    Просечното годишно производство на мед од кошница во земјава е околу 15 килограми. Ако ова се спореди со бројот на пчелните семејства од 130.000-140.000, годишната продукција е од 1.950 до 2.100 тони мед.

    - Освен што произведуваме, ние сме е и увозник на мед. Сите увезени пратки подлежат на контрола од инспекциските служби на Агенцијата, при што тие ги исполнуваат соодветните пропишани услови за квалитет и безбедност на овој прехранбен производ - велат во Министерството за земјоделство.

    РЕГИСТРИРАНИ 110.478 ПЧЕЛНИ СЕМЕЈСТВА

    Врз основа на извршениот попис на пчеларниците и регистрација на одгледувалиштата на пчели во земјава во регистарот на одгледувачи на пчели во мај лани, евидентирани се 2.226 активни одгледувалишта. Станува збор за одгледувачи на пчели што имаат склучено договори со ветеринарните станици и кои располагаат со 110.478 пчелни семејства. Поаѓајќи од фактот дека склучувањето договори со ветеринарните друштва е во тек, според процена на Агенцијата, бројот на пчелните семејства во земјава се движи од 130.000 до 140.000.

    Валентина Ангеловска

       (Дневник)

        22 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 254 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024