Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 1:11 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Георгиевски: Дури и Србија не' престигна

    Георгиевски: Дури и Србија не' престигна

    Србија треба да ни биде пример, од аспект на државотворноста на нејзиното раководство за кое државниот е поважен од партискиот и личниот интерес

    Формалниот почеток на преговори на Србија за членство во ЕУ за Македонија треба да биде последен аларм за Македонија, која треба да постигне единство во државата и, конечно, да го реши проблемот со името, со што ќе се деблокира евроинтеграцискиот процес. Ваков апел вчера упати поранешниот премиер и лидер на ВМРО-НП, Љупчо Георгиевски, кој испровоциран од успехот на Грција, побара од политичарите, особено од владејачката ВМРО-ДПМНЕ да стават крај на, како што вели, губитничката политика на наводна одбрана на името, која Македонија ја остави на опашката во регионот, кога е во прашање евроинтеграцискиот процес. 

    Тој потсети дека во 2001 година кога Македонија го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација, Црна Гора не беше ни држава, а денес преговара со ЕУ; Хрватска беше зад нас, а сега е членка на ЕУ и на НАТО; Косово не беше држава, а во евроинтеграцискиот процес веќе не' стигна; Србија никој не ја ни споменуваше, а денес ги почна преговорите за членство во ЕУ. 

    „Србија треба да ни биде пример, од аспект на државотворноста на нејзиното раководство за кое државниот е поважен од партискиот и личниот интерес. Србија донесе одлуки кои се многу потешки од одлуките што треба да ги донесе македонското државно раководство. Србија се откажа од историјата, од територија и од 100.000 граѓани кои живеат во Косово", оцени Георгиевски. 

    Поранешниот прв човек на ВМРО-ДПМНЕ не е оптимист дека апелот ќе даде плод, но е загрижен дека во Македонија повторно се подготвува терен главна изборна тема да биде кој повеќе го брани името, а кој е предавникот. За него се несфатливи повиците за единство за политиката која 20 години ја држи Македонија во место. 

    „Нам ни треба единство за брз компромис и брзо зачленување во ЕУ и во НАТО. Спорот со Грција никој од нас не го измисли и не може никој сам да го реши. Ако заедно не го решиме, никој отстрана нема да дојде да го реши", порача Георгиевски и додаде дека во решавањето на овој проблем не треба да има победници и губитници. 

    За Георгиевски последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц „Горна Република Македонија" е добра основа за решавање на проблемот. Во однос на најавите дека е можно заедно со претседателските да се одржат и предвремени парламентарни избори, Георгиевски смета дека на Mакедонија реално не и' е потребен нов изборен циклус, но доколку навистина владејачките партии се подготвени веднаш по предвремените избори да го решат спорот со Грција, тогаш таа опција вреди да се поддржи. „Во тој случај, кандидатите за претседател, но и кандидатите за премиер треба да потпишат декларација дека бараат мандат од граѓаните, меѓу другото, и за да го решат проблемот со името", нагласи тој. (Т.П.)

       (Утрински Весник)

        24 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 204 | Added by: Вељанко
    Total comments: 1
    1 Вељанко  
    0
    Пак и пак, да се знае што кажа ЉУБ-ЧО, и кога... и колку му е сеедно во врска со името на државата, и прашањето зошто му е сеедно, итн...

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024