|
Интервју со Проф. Д-р Игор Јанев во врска со името на нашата земја (2дел)
Интервју со Проф. Д-р Игор Јанев во врска со името на нашата земја 3. Што може од Советот за безбедност да очекуваме? 3) Од Советот за безбедност можеме да очекуваме во врска со предлогот на претседателот, при најповолен оптимистички исход резолуцијата на овој орган со која ќе се повика Грција да ја почитува пресудата на МСП, но дури и ваквата резолуција нема да има никаков ефект врз однесувањето на Грција и сојузниците на Грција. Имено, ваквите акции во СБОН нема да донесат никаков конкретен придонес во процесот на решавањето на проблемот со името! Проблемот со името, кој потекнува од кршењето на Повелбата на ОН има мултилатералната природа, и тоа на релацијата мегу ООН и РМ, со оглед на тоа дека на Македонија и се кршат членските права во ОН. Тој проблем не се разрешува во СБОН, туку мора да се решава, по примерот на преседанот од МСП од 1948. Во Генералното собрание на ОН (преку поставување прашање до МСП за легалитет на дополнителните услови). Се друго е губење време и енергија. Планерите на стратегијата на Иванов, се чини дека, лаички сметале дека одговорноста за името е се уште лоцирана во СБОН, не сфакајки дека одговорноста за проблемот со името е сега лоцирана во надлежноста на Генералниот секретар на ОН, а не во СБОН! За жал овој факт на многу мал број државните фактори е познат во Македонија. 4. Би го подржале ли предлогот за отворање на уште еден процес пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг? 4) Предлогот за отворање на уште еден процес пред Меѓународниот суд на правдата во форма на тужба е очигледно губење време и претставува дефитистичка опција која и покрај евентуално успешен исход, води до неповолен општ исход, земајки во предвид и губење време и енергија, бидејки не се тангира основниот проблем со името во ОН! Овој предлог потекнува од луге како Ристо Никовски кои воопшто немаат соодветно познавање на правната природа на проблемот со името во ОН, ниту го разбираат мегународно право! Предлогот за отворање на уште еден процес пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг е смешен. 5. Значи цврсто останувате на покренување на прашањето на продолжување на членството во ОН под уставното име односно покренување на прашањето на прием и статус на Македонија во ОН со дополнителни услови, што е против Повелбата на ОН. Како би требало да се изведе оваа процедура? 5) Во судското мислење од 1948, јасно се вели дека политичките консидерации неможаат да се земаат во предвид при оценката за подобноста за прием (”political considerations could be superimposed upon them, and prevent the admission of an applicant which fulfils them”),овластувањата на СБОН и Генералното собраине се правно огрничени, а признавањето од друга држава (случајот со Португалија, Финска, Ирска, Трансјорданија, Италија, Австрија и Ирска) е дополнителен услов. Имено, политичките и безбедносните консидерации на СБОН не влијаат врз правото на прием без дополнителните услови, како се вели во документот. Земајки го предвид ово прифатено мислење, Македонија може да го заобиколи СБОН, и со коспонзорите да го постави прашањето за дополнителните услови директно на Генералното собрание на ОН! Република Македонија, со коспонзори треба да иницира предлог резолуција на Генералното Собрание на ОН со која се поставува прашање дали специфичните услови за приемот на државата и статусот се во согласност со Повелбата на ОН. Ова се поставува до МСП, кој донесува Советодавно мислење за легалитет на дополнителните услови, кое се врака како одговор до Генералното собрание на ОН. По прифакањето на ова мислење, со истата резолуција на Генералното собрание, Македонија со други држави, коспонзори, ќе го воведе уставното име во ОН. 6. Што се треба да се направи пред да се напише тоа писмо или да се направи предлог до Генералното собрание на ОН? 6) Треба да се направи со држави – коспонзори на Р. Македонија стратегијата да се постави предлог резолуцијата на Генералното собрание (со содржано прашање до МСП) и истата да се изгласа. Односно прво да се реализира предлог – точка на дневен ред на Генералниот комитет на Генералното собрание на ОН. Генералниот комитет донесува одлука за точки кои ке бидат на дневениот ред на ГСОН. Предлог резолуцијата мора да содржи слична аргументацијата како 1947. односно повикување на преседанот од 1948. со соодветна аргументација за дополнителните услови и кршење на членските права, а со ова и на правниот поредок на организацијата на ОН. Должноста на секоја држава – членка на ОН е да се штити правниот поредок на Организацијата. Процедурално, и во Генералниот комитет и во Генералното собрание на ОН се гласа со просто мнозинство (од присутните и кои гласаат).
|
|
Views: 185
| Added by: Вељанко
|
|
|