Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 8:26 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Интервју со Проф. Д-р Игор Јанев во врска со името на нашата земја (3дел)

    Интервју со Проф. Д-р Игор Јанев во врска со името на нашата земја 
    7. Можеме ли да го обезбедиме тоа мнозинство? И Грците нема да седат со скрстени раце?
    7) Со подршката од државите – коспонзори, земајќи го предвид и фактот дека сме веке признаени од 134 држави во ОН под уставното име, нема да имаме никаков проблем предлогот резолуцијата да помине во ГСОН. И покрај грчката против–акција, дури и ако само половина од  тие 134 држави во ОН гласа за поставување на прашањето од ГСОН до судот, ќе имаме поволен исход. Резолуцијата ќе биде усвоена.
    8. Ни треба ли спонзор за отворање на ова прашање пред Генералното собрание?
    8) Државите-спонзори на резолуцијата ќе бидат најверојатно некои држави од поранешна Југославија и Турција.  Овој дел од стратегијата нормално ќе биде тајна, но тие спонзори ќе бидат земји со кои Македонија има блиски односи.
    9. Тоа значи дека за реаливно краток период во споредба со другите предлози, може да се очекува резултат?
    9) Судските мислења од овој вид се донесуваат за помалку од 10 месеци. Односно мислењето ќе биде подготвено, како одговор до следното Генералното собрание (кое почнува следната година).
    10. Во што е стравот во македонското раководство да го покрене ова прашање?
    10) Стравот во македонското раководство да го покрене ова прашање потекнува од релативно нестручни лица или дефетисти од типот на Ристо Никовски, кои веруваат дека постои или некаков априорен став (или заговор) од САД или на пр. ЕУ, или дека ние не можеме да ја истуркаме резолуцијата на Генералното собрание на ОН, дека ке треба да поминеме СБОН и слично. И многу други квази стручњаци, без елементарното познавање на проблемот со името и правото на мегународните организации се постираат во медиумите кои, за жал, македонската, главно, неука медиумска јавност ги смета за експерти за проблемот со името. Понатаму, врвните државни институции сметаат дека ваквите мислења од експерти (од типот Никовски, Малески, Мирчев и сл.) се меродавни мислења. Покрај нив имаме и претседателски кандидати (како на пр. С. Керим) кои сметаат дека ние сме всушност  членка на ООН од 1945 (со ФНРЈ), кои ова теза ја туркаат, дури и по пресудата во која јасно се третираме како нова членка на ОН од 1993. Покрај оваа банална заблуда имаме и куп од оние дипломати, советници и квази-научници кои сметаат дека FYROM во сите случаи треба да се користи во нескратената форма (the Former….), бидејки ова е демек помалку навредувачки, не разбирајки дека и скратената и нескратена верзија на реферирањето претставуваат во еднаква мерка нелегална деноминација. Се додека оваа состојба со квази стручњаци е ваква каква што е, македонското раководство нема да направи сериозни чекори во соодветен правец. Луге како претседателот Иванов и покрај својата чесност и научната биографија немаат допир до соодветните совети, па пр. во различни ситуации се обидуваат да го објаснат проблемот со името преку човечките права. Ваков наивен пристап го забележавме и кај премиерот Груевски кој на претходното Генералното собрание  на ОН 2013. се повика на правото на самоидентификација на народот, односно колективните права на народот! Од овие изјави на премиерот Груевски, се гледа дека македонските советници и дипломати или експерти не ја праваат разликата меѓу човечките права (колективните права) и правата што се однесуваат на држави (сосема друга правна гранка) и, поконкретно, правата на државите–членки на ОН! Со други зборови, според мое мислење, сите досегашни влади се потпираа на самобендисани неспособни или полу-способни дипломати или поедини професори од правен факултет, без да ја консултираат науката. Медиумите од своја страна, заради политичките и партиските интереси, ги фаворизираа ваквите лица и нивните предлози, па заради ваквото однесување и дојодовме на ваквото дереџе!
    Игор Јанев,
    Научен советник на Инстиут за политичките студии, Белград,
    Член на Академскиот Совет за системот на ОН
    Автор на 18 книги и над 170 научни трудови во мегународните списаниа во областите на дипломатијата и мегународното право

        24 јануари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 240 | Added by: Вељанко
    Total comments: 5
    5 MNR  
    0
    Ако досега Никовски не знаеше дека ние имаме преговорите и ДЕНОМИНАЦИЈАТА ова не зборува само за неговата нестручноста, туку и за површноста и аматерскиот пристап на Владата и Претседателот Иванов!

    4 Амбасадор  
    0
    Она што посебно изнендаува е дека всушност Никовски не познава добро ниту англиски јазик и покрај тоа што беше амбасадор во В. Британија. Имено, и на било кои писмен човек од англиското говорно подрчје, и да не е правник (Никовски е по струка економист), сосема е јасно дека се рабори за ПРЕГОВОРИТЕ (NEGOTIATIONS) , а не разговори (TALKS). Со овој факт, човек би можел да се посмнева и во општата писменост на Ристо Никовски.

    3 Амбасадор  
    0
    Од претходните колумни се гледа дека Ристо Никовски не знае ниту да ги дефнинра услови за прием во ООН, а камоли дополнителните услови при примеот во ООН. Според него се што нее експлицитно напишано не се подразбира.! Ако вака се земе, ние според Никовски и немаме дополнителните услови при приемот! Toj всушност покажува дека не поминал ниту предмет Вовед во право, како ни предмет Вовед во политичките науки , а пред македонските медиуми се прикажува како врвен експерт за името. Дури, дел од , пред се полу-писмените, медиумите му и верува во ова!!

    2 Вељанко  
    0
    а може и да се процени по ова кои се ЕУ, не НАТО, и има ли заговор...

    1 Вељанко  
    0
    ова малку да се изгубиш... еден став околу името и покрај сите понижувања, праведно или неправедно, изречени на туѓа адреса... итн...

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024