Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 9:19 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Писма на грчките војници За масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година (1дел)

    Писма на грчките војници

    За масакрите извршени во Егејска Македонија

    во летото 1913 година

    Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

    д-р Љубомир Милетич

    Во писмата на грчките војници испратени од фронтот може да се види со каков ужас се соочувало македонското население во селата и градовите под грчка окупација. Крвавата колекција од околу стотина писма  преку воената пошта на грчката армија требало да бидат доставени до адресите напишани на пликот но поштата била заробени од бугарската армија во Разлог на 14 јули 1913 година и писмата стигнале во јавноста. Станува збор за стравотна колекција на автентични сведоштва, кои, како што тврди проф. д-р Љубомир Милетич, таа 1913 година биле донесени во Државниот архив во Софија. Во писмата грчките војници на своите роднини и пријатели им се фалат дека сегде каде што поминале не оставиле ниту еден жив славофон што им паднал в рака, дека ги силувале сите славомакедонки кои биле фатени од нив, дека ги запалиле сите села на славофоните и слично.

    Пред сто години  

    По заминувањето на османлиската војска од Македонија, Србите, Грците и Бугарите настојуваат да ги задржат подрачјата под своја власт. Ваквата поделба на освоените територии во Македонија меѓу Србија и Бугарија било решено со Тајниот додаток на Договорот за пријателство и сојуз, но прашањето меѓу Бугарија и Грција останало отворено а очекувањата на македонскиот народ биле сосема изневерени. Имено, Македонија не само што не била ослободена  туку била распарчена и поделена од таканаречените братски народи. По Лондонскиот мировен договор од 30 мај 1913, Србија завладеала со западниот и централниот дел на Македонија, Грција ја добила јужна Македонија а Бугарија си го припоила источниот дел на Македонија.

    Еден месец  по Лондонскиот мировен договор, со кој е завршена Првата балканска војна, почнува Втората балканска војна, која за околу педесеттина дена, колку што траела, однела голем број жртви, најголем број цивили Македонци, кои биле изложени на вкрстен оган меѓу армиите на балканските завојувачи. Сепак, според документите зачувани до денес, најголемите ѕверска во двата ужасни летни месеци на Втората балканска војна ги направиле грчките војници кои вршеле ужасен, крвав геноцид низ Егејска Македонија.

    Колиме по заповед на кралот!

    Од писмата на грчките војници испратени од фронтот може да се види со каков ужас се соочувало македонското население во селата и градовите под грчка окупација. Крвавата колекција од околу стотина писма  преку воената пошта на грчката армија требало да бидат доставени до адресите напишани на пликот, но поштата била заробени од бугарската армија во Разлог на 14 јули 1913 година и писмата стигнале во јавноста. Станува збор за страотна колекција на автентични сведоштва, кои, како што тврди проф. д-р Љубомир Милетич, која веднаш,таа 1913 година, била донесена во Државниот архив во Софија.

    Во писмата грчките војници на своите роднини и пријатели им се фалат дека сегде каде што поминале не оставиле ниту еден жив славофон што им паднал в рака, дека ги силувале сите славомакедонки кои биле фатени од нив, дека ги запалиле сите села на славофоните и слично. И сите тие ужаси што ги правеле, како што вели проф. Милетич во својата книга за теророт на грчката војска во Егејска Македонија, објавена само неколку  месеци по завршувањето на Втората балканска војна, а во која се објавени и 53 потресни фотографии од ужасите направени врз Македонците, војниците ги правеле, како што признаваат во писмата, по заповед на командата и на грчкиот крал. Еве неколку извадоци од  грчките воени сведоштва за масакрот што го направиле андратите на фронтот во јужниот дел на Македонија за време на Втората балканска војна:

    По заповед на кралот ги палиме сите славофонски села; ги силувавме сите млади момички што ги фативме, - пишува еден од војниците на кралот. Друг пишува: Со радост ги палиме словофонските села; ако нема мажи, ги убиваме жените и децата. Во писмото на  трет војник пишува дека  селата во кои нема Грци ги гориме до темел за да не може одново да никне таа гнасна славофонска раса. Еден од војниците пишува дека ги наоѓале селаните скриени по разни места:  Секојдневно наоѓаме мнозина од нив и ги убиваме. Во писмото број седум пишува: Таква е наредбата - да ги палиме селата, да ги убиваме младите. Едно од писмата сето тоа што се прави на теренот го споредува со касапница: Ова што го правиме со славофоните е касапница; нема нивно село или град кој не е изгорен.

    Слично на него еден од војниците ги известува своите пријатели во некое село близи Атина: Ги убиваме сите славофони кои ќе ни паднат в раце,  што значи дека нема заробеници, нема сведоци. Еден друг војник сепак покажува некакво мало сочувство, пишувајќи дека палењето на селата и убивањето на недолжниот народ е нечовечко дело затоа што сите што ги заробуваме ги поминуваме под нож. Според писмата цитирани во француското издание на овие ужасни писма може да се констатира дека масакрот се вршел масовни и во секоја прилика. Така еден од војниците со своето писмо вели дека ,,од 1200 заробеници, кои ги заробивме кај Нигрита, не останаа повеќе од 41 во затворот,,  а друг ладнокрвно ќе напише дека ,,во селото Броди фативме пет славофони со една мома од Сер; ги затворивме во една визба. Девојката ја убивме без мачење, а мажите многу ги мачевме, живи им ги извадивме очите".


    Rating: 0.0/0
    Views: 213 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024