Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 8:43 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Писма на грчките војници За масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година (2дел)

    Писма на грчките војници

    За масакрите извршени во Егејска Македонија

    во летото 1913 година

    Следното писмо цитирано и во францускиот превод потврдува дека ,,каде што ќе најдеме еден или двајца славофони, веднаш ги убиваме како врапчиња,, Еден негов соборец, можеби верник, во своето писмо ќе констатира дека ,,ова што се случува сега  не се правело никогаш по Христа; елинската армија ги пали сите славофонски села и ги убива сите што ќе ги сретне. Од писмото на друг војник може да се види дека во Егејска Македонија  грчката војска  правела  невидени масакри дозволувајќи војниците да се однесуваат како да се во кланица: ,,Ми дадоа 16 заробеници за да ги доведам во дивизијата, а јас доведов само двајца; другите ги изеде мракот - ги убив попат".


    Распнувани по дрвја низ шумите

    Според проф д-р Милетич, кој само неколку месеци по масакрите направени за време на Втората балканска војна во Егејска Македонија, самиот успеал да собере голем број сведоштва, документи и фотографии, но и да разговара со дел од преживеаните што успеале да побегнат во Бугарија, грчката војска направиле невиден масакр, всушност геноцид над цивилното македонското население од Сер до Солун, преку Кукуш, Дојран и Струмица. Со првичните податоци  собрани набрзо по масакрот се потврдува огромниот број  мажи, жени и деца кои се водат како исчезнати. За војниците, според Милетич, не треба ни да се зборува; тие не само што се убивани, туку и најѕверски се мачени, распнувани на дрвјата по шумите, врзувани со телеграфски жици, поливани со газија и живи палени. Многу такви случаи се регистрирани во околината на Струмица, но и во други делови на Македонија каде што дејствувала или макар само поминала грчката војска.  Меѓу извршените грчки ѕверства, како што вели проф.д-р Милетич во својата книга со документи и фотографии од војната, објавена во Софија во септември 1913 година, како најкаратеристични по варварството, по палењето живи луѓе се одвојуваат селата Аканџали и Попово, градовите Сер, Кукуш, Гевгелија,  но и во селата Герман, Крчово, Спатово, Крушово, Ѓуреџик, Горно Броди и други. Истовремено, користејќи ја воената состојба специјални групи грчки злосторници вршеле масивни убиства и во регионите кои не биле  зафатени со воените дејства.

    Сведоштвата објавени во книгата на проф. д-р Љубомир Милетич потврдуваат дека на 20 јуни грчката војска стигнала пред Гевгелија, се укопала на околните ридови и почнала да дејствува со артилерија. Гледајќи како населението се повлекува преку мостот на Вардар, дејството на артилеријата се свртело во таа насока,  па во тој навиден маскар на цивили загинале голем број гевгеличани. Кога преживеаните се искачиле на Стојаковската височинка, се свртеле да видат што се случува зад нив, и тогаш виделе дека  горат селота Сехово, Шлопенци, Мачуково, Смол и Бајалци. Во градот Гевгелија веќе била започната  страшна тортура врз оние што не успеале да побегнат.

    Грчките андарти и војниците ограбувале и убивале по улиците и дворовите. Бежанците Јоаким Дучев и Гоне Чавдаров од село Богданци сведочеле дека андартите убивале без да прават разлика  во возраст и пол. Според нив, од Богданци успеале да побегнат 80 семејства, но 370 останале во селото, па тие не знаат што се случило со нив. Многумина и од оние што успеале да заминат од Богданци, умреле за време на бегството од Струмица до Пехчево. Така, Гоне Чавдаров попат ги изгубил своите двајца браќа, сестра си и својата бремена сопругата со малата ќеркичка. Подоцна дознал дека жена му останала во селото Дурбаки, дојранско, и дека таму се породила.

    Според д-р Милетич во Бугарија имало стигнато голем број деца од Гевгелија, кои не знаеле да кажат каде им се родителите. Во сведоштвото запишано во септември 1913, значи само еден месец по завршувањето на Втората балканска војна, во Самоков биле дојдени две дечиња, Томе и Слобода Заринови, братче и сестриче од Гевгелија, кои  успеале да побегнат заедно со некои луѓе од градот со кајче преку Вардар.  За родителите велат дека останале во Гевгелија, но д-р Милетич смета дека нивните родители најверојатно се загинати во метежот што настанал по дејството на грчката артилерија врз бегалците. И друго дете од Гевгелија, Аргир, кое во мигот кога се собирале документите за книгата се наоѓало во Радомир, не знаело што се случило со неговите родители.

    За неколку дена Гевгелија и гевгеличани, според Милетич, ужасно настрадале не само од дејството на грчката артилерија туку од  здружувањето на  грчките војнички банди со месните Турци и Цигани. Деветнаесетгодишното момче Мито Иванов од Смоквица, гевгелиско, само десеттина дена по завршување на војната сведочело дека селото Мрзенци на 20 јуни било запалено со газје од Грците и Циганите, мажите биле исклани а жените силувани.  Сите девојки биле однесени некаде надвор од селото и  ниту една од нив не се вратиле дома. Следните денови, на 24, 25 и 26 јуни целата гевгелиска чаршија била ограбена и опустошена од грчките андарти, а ограбени се и куќите на сите побогати гевгеличани.

    Според сведоштвото на Мито Илиев од селото Аканџали, дојранско, кој  есента 1913 бил со група бежанци сместен во градот Самоков, грчката војска влегла во селото на 23 јуни во пет часот попладне, веднаш собрале  60 селани, ги однеле во блиската корија и ги убиле. Истата ноќ цело село ечело од писоците на жените  и девојките што грчките војници ги силувале до смрт: Со свои очи видов како ја обесчестија снаата на Стојан Поповалијата, ќерките на Стојан и Пелтек Илиеви, дванаесетгодишната ќеркичка на Коста Турбашиски. Момите и жените беа врзувани по три, беа тепани и фрлани под нозете на коњите. Следниот ден ги запалија селата Аканџали, Дурбали и Николич  - сведочи Илиев.


    Rating: 0.0/0
    Views: 399 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024