Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 9:10 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Писма на грчките војници За масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година (3 дел)

    Писма на грчките војници

    За масакрите извршени во Егејска Македонија

    во летото 1913 година

    Масакр во Малешевијата

    Според сведоштвата на неколкумина бежанци од Пехчево, во градот, при влегувањето на грчките војски, населението излегло да ги пречека, но по ден-два војската почнала со ѕверствата, убиства, грабежи и силувања. Силувани биле Магда Гичева, 50 години, баба Генка  Цекова, 80 години, Султана Секулова , 60 години и сите други жени што биле во градот а биле над десетгодишнавозраст. Во селото Панчарево била заклани Дамјан Ризов, 18 години, Иван Стојклов, 55 гиодини, Стојан Петков,  35, Ангел Марков, 25, Стојан Илиевм, 25 и други. Во Разловци биле силувани снаите на Георги Златков, Стојанка и Васа, а му биле одземени и 30.000 оки жито, 2000 оки сено. Во Умлена била убиени Ангел Батев и син му, а биле силувани 13-годишната ќерка на Коце Султан, потоа Марија Накова, Роса Гогева, Ивана Гогева и Галина Христова.

    Грчката војска во селото Владимирово се здружила со турското население, ги одвоиле мажите од жените, а потоа однеле 14 девојки заедно со Параска Чолова. Струмичанката Марија Георгиева Ичева, која успеала да побегне од градот на 29 август 1913 година, раскажала за грчките злодела направени во Струмица  и околните села, кои биле запалени до темел од адартите и нивните турски придружици. По повлекувањето на Грците, во градот и селата се вратиле само Македонците. Останатите жители на градот Грци, Турци и Евреи заминале од Струмица. Сега слушам, раскажала Ичева, дека некои гркомани почнале да се враќаат. Од Турците ниту еден не беше вратен пред да тргнам на 29 август за Бугарија. Имаше Турци кои од почетокот кога навлегоа Грците заедно со нив грабеа, палеа и убиваа. Кога Грците се повлекуваа, сосила ги тераа сите Турци да заминат од Струмица. Мнозина од нив велеа: јас ниту сум грабел, ниту сум убивал, но не смеам да останам зашто Грците се закануваат, бараат да заминеме со нив. Една учителка ми раскажуваше, сведочи Ичева, дека ноќта на 10 август ја однеле во касарната и таму била силувана од командантот а потоа 24 часа се ределе војниците. Сега е болна.

    Според сведоштвото што ги собрал проф. д-р Милетич може да се види какви ѕверства правеле Грците, но на крајот од книгата тој најавува слични документи и за ѕверствата на српските и црногорските војски, потврдени со сведоштва на бежанците од тиквешко, велешко, штипско, кочанско, кратовско, паланечко, радовишко и  од други делови на Македонија каде што дејствувала српско-црногорската војска. Се разбира, кон овие ѕверска  треба да се додадат и ѕверската што врз македонското население ги правела бугарската војска, па ќе се заокружи крвавата слика за страдањето на македонскиот народ во Балканските војни, поделен со договорот во Букурешт токму меѓу оние што ѕверски го газеа,  уништуваа и убива за да го „ослободат".

       (idividi, објавено во март 2013) 

        24 јануари 2014

    Rating: 0.0/0
    Views: 260 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024