Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 9:38 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Свршеницата на Карев умрела со неговиот прстен на раката (2дел)

    Свршеницата на Карев умрела со неговиот прстен на раката


    Ја сакаат сите, а најмногу децата

    Приказната за убавата стружанка Коца Хаџова и личниот крушевчанец Никола Карев почнала кога Коца, по покана од нејзиниот братучед Антиноген Хаџов, дошла за учителка во Крушево. Антиноген бил учител, но истовремено бил и активно вклучен во револуционерната организација, а бил член и на штабот на Крушевската револуционерна околија. Во време на Илинденското востание учителката Коца Хаџова има 23 години и завршено учителско училиште во Солун. Пред да замине од Солун го купила свечениот фустан, оној што го видовме сто години подоцна во домот на Вера Кумбароска. Според нашите сознанија, тој фустан, стар над 100 години, е најстариот сочуван модерен фустан во Македонија. Коца Хаџова него го носела само во свечени пригоди. Во него била облечена дента кога била прогласена Крушевската Република, но во него била облечена и на скромната свршувачка со Никола Карев. Како што има запишано Георги Томалевски, сведок на тие настани, Коца Тасова-Хаџова била слабичка, убава, со нежен говор, секогаш со одмерени зборови. „Големите кафени очи - пишува Томалевски - горат како кротки пламени, предизвикувајќи почит и љубов кон сите. Таа буди симпатии кај секого; сите ја сакаат, а најмногу децата, кои постојано се околу неа. Стружанката Коца кај учениците во Крушево ги разви македонскиот патриотизам и хуманизам, како и свеста за слободата". 

    Според историските извори од тоа време, учителката била вклучена во подготовките за нападот и заземањето на Крушево. Најблиска соработничка на Коца во тие денови, покрај Никола Карев, се разбира, била нејзината колешка Фанија Ракиџиева. Двете работеле во истото училиште и живееле во иста куќа, кај вдовицата Дада. Истата учителка, Коца Хаџова, заедно со својата колешка Фотина Иванова, и нејзината сестра Вета, го извезале револуционерното знаме на Крушевската Република. Знамето било од црвена копринен материјал, опшиено со срма, а на средината со златеста коприна биле извезени две раце, кои се ракувале на палмов лист, а над рацете имало запален факел. Околу сето тоа имало натпис: 
    „Слобода или смрт - знаме на крушевската чета". Околу целото знаме биле опшиени срмени реси, а по краиштата виселе големи срмени пискули. Освен тоа знаме, Коца навезала и знаме на Крушевската Република на кое се гледаат две девојки со долги коси, кои стојат врз картата на Отоманската Империја. Косите на девојките се извезени со косата на Коца Хаџова. Тоа е знамето што во 1984 година во Софија го видела Вера Кумбаровска. 

    Погребана зад олтарот на црквата „Свети Ѓорѓи" 
     
    По востанието Коца Хаџова, свршеницата на Никола Карев, останала извесно време во Крушево, а потоа, со придружба што лично ја одобрил Бахтијар-паша, поради нејзината грижа за турското население во градот за време на востанието и десетте дена Крушевска Република, заминала за Костур. Нејзиното здравје набрзо уште повеќе се нарушило, особено по дознавањето на веста дека нејзиниот свршеник е убиен во близина на Кочани. Галопирачката туберкулоза зема замав, но Коца сепак успева да се врати во Струга и да поживее до 1907 година, кога умира на 27-годишна возраст. Според сеќавањата сочувани во семејството, Коца била погребана со големи почести од граѓаните на Струга во дворот на црквата „Свети Ѓорѓи", веднаш зад олтарот. Подоцна гробот бил преместен, но и покрај тоа Ленка, најстарата сестра на Коца, секој Велигден оставала црвено јајце токму на тоа место, зад олтарот на црквата. 

    Пред неколку години почина Вера Кумбароска, старицата што го чуваше фустанот на Коца Хаџова од свршувачката со Никола Карев. Во меѓувреме се обидовме да дознаеме каде е сега тој фустан, но не успеавме да дојдеме до конкретни податоци. Исто така не се знае каде се сега свршеничкиот прстен и белата меџидија што ги добила од Никола Карев. А на сите нив местото секако им е во музеј.


    Црквата „Свети Ѓорѓи" во Струга

     

     
      
    Автор: Блаже Миневски
    (Нова Македонија)
    24 јануари 2014
    Rating: 0.0/0
    Views: 255 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024